„Недостасуваш… многу“: Ана Костадиновска, придружниот вокал на ДНК, со сеќавање 40 дена по смртта на Панчо
- Детали
- недела, 23 ноември 2025
40 дена по смртта на Панчо, Ана Костадиновска, која беше придружен вокал на ДНК, сподели неколку фотографии со колегата, со краток, но емотивен опис. Се огласи и Елена Ристеска, која се присети на нивната прва соработка.

Навршија 40 дена од смртта на Панчо од ДНК, кој на 14-ти октомври им подлегна на повредите од пожарот во дискотеката „Пулс“.
Пожарот се случи на 16-ти март годинава и животот го загубија 63 лица, од кои голем број беа само тинејџери.
По несреќата, Панчо помина неколку месеци во болница и, за жал, не успеа да се избори.
40 дена по неговата трагична смрт, се огласи Ана Костадиновска, еден од придружните вокали во ДНК.

На Инстаграм, таа сподели неколку фотографии со Панчо, со краток, но емотивен опис:
„40 дена. Недостасуваш… Многу!“



На Инстаграм Стори се огласи и Елена Ристеска.
Таа сподели стара фотографија од неа и Панчо, на која позираат со статуетките што ги добија на Македонскиот радиски фестивал – МАРС.
Тогаш, во 2016-та, тие добија три награди за нивната прва соработка.
„Пред 9 години, на овој ден освојувавме награди… а сега… 2025-та… 40 дена откако те нема Пане. Не можам да прифатам дека не си веќе тука“.

Теа Трајковска исто така сподели неколку фотографии на Инстаграм Стори.



Спирова С. | Црнобело
