Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Учениците од „НОВА“ истражуваа од каква музика се кршат прозорци и дали растенија сакаат звуци

Како различен тип на музика може да влијае на молекулите на вода и дали звуците може да придонесат за забрзување или забавување на растот на растенијата се само дел од темите кои беа разработени на традиционалниот саем на наука во меѓународното училиште „Нова“. Учениците од шесто до осмо одделение во петокот ги презентираа пред јавноста своите истражувања на тема „Науката низ призма на музиката“.

ucenicite-od-nova-istrazuvaa-od-kakva-muzika-se-krsat-prozorci-i-dali-rastenijata-sakaat-zvuci-01.jpg

Саемот беше поделен на два дела и во првата етапа учениците се запознаа со различни аспекти на музиката, со неколку инструменти и со жанрови како што се фолклорот, џезот и класичната музика. Настанот беше поддржан од Македонската опера и балет и од Средното музичко и балетско училиште „Илија Николовски - Луј“ така што основците имаа шанса да стекнат нови знаења и искуства од наши еминентни музички личности.

Во вториот дел, учениците ги презентираа истражувањата на различни теми меѓу кои „Kои карактеристики треба да ги има звукот за да може да скрши стакло”; „Како обликот на просторијата и материјалот од кој што се направени ѕидовите може да ја афектира акустиката”; “Како животните реагираат на различни звуци на музиката”; “Kако функционираат жиците на гитарата” итн.

- Се работи за традиционален саем на наука кој секоја година се одржува на различна тема, а овој пат фокусот е „Науката низ призма на музиката“. Учениците под менторство на професорите истражуваат и разработуваат проекти со што се стимулира нивната љубов кон науката. Проектите кои ги презентираат се на исклучително високо ниво и од година во година самиот саем сè повеќе расте и се развива – велат од училиштето „Нова“.

ucenicite-od-nova-istrazuvaa-od-kakva-muzika-se-krsat-prozorci-i-dali-rastenijata-sakaat-zvuci-02.jpg

Освен учениците од шесто до осмо, и децата од пониските одделенија од основното училиште „Нова“ имаа саем за наука кој се одржа минатата среда. Младите научници од прво до петто одделение утрото ги претставија своите сознанија на различни теми додека во попладневните часови слушнаа предавање на гостите од Астрономското друштво кои потоа организираа набљудување на небесните тела со телескоп.

Саемот за наука секоја година се одржува под различно мото. Лани фокусот беше „Спортот и науката“ и гости беа ракометарите и тренерите од ракометниот клуб „Вардар“. Учениците на „Нова“ досега истражувале и на разновидни теми меѓу кои и „Во светот на иновациите и технологијата“, „Познати научници и нивните откритија“, „Да ја заштитиме животната средина“ и „Здравјето е најголемо богатство“.

ucenicite-od-nova-istrazuvaa-od-kakva-muzika-se-krsat-prozorci-i-dali-rastenijata-sakaat-zvuci-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Мајка од Прилеп: „Направивме операција на крајниците на ќерка ми Инес (6) – што беше најтешко?“ „Ќерка ми Инес имаше проблеми со чести настинки, проблеми со дишење и со слухот....
Елена од Струмица ја донираше косата за лица кои ја изгубиле својата: „Ја чував 2 години, сакам да и... „Косата ја донирав кај Сашка, која, како што дознав преку статија на CRNOBELO.co...
Христина Пан за ќеркичката (2) што се бори со рак: „Ме прашуваа зошто Тара нема коса, ѝ се смееја во... „Кога ме прашуваа зошто Тара нема коса или ѝ се смееле во парк или родител ќе ја...
Емра Куртишова го прослави првиот роденден на ќеркичката: „Среќа до небото и назад“ „Среќа до небото и назад. Гордост наша, среќен роденден“, напиша Емра Куртишова ...
Врчак со ДНК на концерт во Охрид како во старите времиња – го пречекаа со овации, му посветија песна... Врчак беше громогласно пречекан од публиката, која по 14 години за првпат имаше ...
Крива Паланка е сцена од празнична бајка во пресрет на 2025-та (фото) И додека Скопје уште го чека новогодишното китење, Крива Паланка блесна во полн ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg