Мартина и Александар избрани за невеста и зет на Галичка свадба - Неговите родителите се венчале таму пред 35 години

„Дополнителна симболика и тежина на нивниот избор дава фактот што оваа година се одбележуваат 35 години од првата современа Галичка свадба (1991), кога биле венчани родителите на Александар“, велат организаторите на манифестацијата.

martina-i-aleksandar-izbrani-za-nevesta-i-zet-na-galichka-svadba-roditelite-na-zetot-se-venchale-tamu-pred-35-godini-01.jpg

Организаторите на Галичка свадба ги избраа невестата и зетот за 2026-та година - Александар Пендароски и Мартина Михајлова.

Тие ги соопштија нивните имиња и открија дека една од причините поради која што ги избрале е фактот што родителите на Александар пред 35 години биле првите младоженци на Галичка свадба, па на овој начин ја продолжуваат традицијата.

Во објавата на Фејсбук, пишува:

„По разгледување на сите пристигнати апликации и по навистина тешка одлука, Советот на Месната заедница Галичник со голема чест и задоволство ве информира дека за зет и невеста на Галичката свадба 2026 се избрани Александар Пендароски и Мартина Михајлова.

Годинава интересот беше исклучително голем, со повеќе квалитетни и искрени пријави, што ја направи одлуката особено предизвикувачка.

Она што особено се истакна во нивната апликација е нивната длабока и искрена поврзаност со Галичник – како место кое не го доживуваат само како традиција, туку како дом, спомен и животна припадност.

martina-i-aleksandar-izbrani-za-nevesta-i-zet-na-galichka-svadba-roditelite-na-zetot-se-venchale-tamu-pred-35-godini-02.jpg

Дополнителна симболика и тежина на нивниот избор дава фактот што оваа година се одбележуваат 35 години од првата современа Галичка свадба (1991), кога биле венчани родителите на Александар.

За нив, ова претставува продолжување на една семејна традиција и длабока врска со корените.

Веруваме дека Александар и Мартина достојно ќе ја понесат честа да бидат зет и невеста, претставувајќи ја автентичноста, вредностите и духот на Галичник.

Им честитаме и им посакуваме многу среќа, љубов и достоинствено претставување на оваа вековна традиција. Да се ќердосает! Се гледаме во Галичник“.

Би можело да ве интересира:

Александар Динев ја покажа куќата во с. Балинци каде израснал: „Немавме тоалет внатре, многу сакав с... Кога влезе во детската соба, каде што почнал да ги снима првите видеа за ТикТок,...
Александар Јосифовски, кој се прослави во Ѕвездите на Гранд, објави први фотки од ќерката - по разво... Нашиот рокер се разведе по 8 години брак, па убавата Србинка Ана му го освои срц...
Жена на 58 години забремени со тројка во болница во Македонија – Таа била 5 години во менопауза „Годините не ја запреа желбата за мајчинство. Тројна бременост со ин витро кај п...
Вело Марковски е 35 години постар од сопругата - Наши и регионални парови со голема разлика во годин... Лазар Ристовски по разводот повторно најде љубов и тоа со актерка која е скоро 4...
Александар од Кавадарци ја запроси саканата во Барселона – на тераса со многу рози, свеќи и поглед к... „Запросувањето го смислив сам, имав договорено со екипа од Барселона за украсува...
Александар Маленко, по петтиот брак и животот во Словенија: „Се вратив во Македонија, тука ми се дец... Нашиот најдобар пливач на сите времиња, долго време живееше во Словенија со петт...

Најчитани неделава