Не молчете пред семејното насилство

Околу 30 отсто од жените барем еднаш во животот биле жртви на психичко или физичко насилство во кое насилникот бил нивниот интимен партнер. Уште посериозен проблем е што голем број од жртвите со години молчат за насилството и одбиваат да признаат дека им се случува.

semejno_nasilstvo.jpg

Некои од нив мислат дека тие се виновни и дека ја заслужуваат секоја шлаканица, модринка или навреда, но вистината е дека никој не смее да биде физички или психички малтретиран. Со цел да се зголеми свесноста за овој сеприсутен проблем, на светско ниво, како и во Македонија, има иницијативи и проекти чија цел е да им се помогне на жените да излезат од ситуацијата.

Таков е случајот AVON кој е во постојана кампања против семејно насилство, а и други компании вложуваат и работат на подобрување на состојбата. Пораката што се испраќа е дека жените кои се жртви мора да прозборат за тоа и да побараат помош, да застанат на свои нозе, да се охрабрат и да го променат својот живот на подобро.

Семејното насилство не е нешто што се случува ретко, а воедно и не им се случува само на „обичните“ жени. Голем број на ѕвезди имале трауматични искуства, а дел од нив се: пејачките Тина Тарнер, Мадона и Ријана; актерките Хали Бери и Памела Андерсон и многу други. Целта на речиси секоја кампања посветена на овој проблем е насочена кон тоа да престане молчењето и секој што го има овој проблем да побара излез, така што жени, „проговорете и побарајте помош!“   

Автор: Tovornottov

Би можело да ве интересира:

Хелена Роза за Зоки Фаци во документарецот: „Девојки го искористуваа за кариера и да се омажат добро... „Го праша докторот: ‘Дали ќе живеам’?, а тој ме погледна мене, ама ме погледна т...
Јутјуберот Мандар ќе стане татко - со саканата направија забава за откривање на полот на бебето „Те чекаме принцезичке“ - напиша на Инстаграм саканата на Мандар, кој во јавност...
Млади деца од Струмица ја свират и пеат „Громови на душа“: „ДНК ја пееја за Тоше, а сега ние за сите... „Денес тие громови навистина одекнуваат од тагата. И како да не беше доволна ова...
Тамара Тодевска емотивна: „Голем дел од детството го поминав во оваа куќа - домот на баба ми Пава во... „Најубавите спомени ми се од тука. Првите излегувања, првата љубов, пријатели ко...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Го покажа трудничкото стомаче, Столе Стоилов меѓу гостите: Атмосферата на свадбата на Дејан Манасков... Каде се запознале, стилистката Јована Зука им е старосватица, но кој ракометар и...

Најчитани неделава