Јутјуберот Мандар ќе стане татко - со саканата направија забава за откривање на полот на бебето
- Детали
- среда, 14 јануари 2026
„Те чекаме принцезичке“ - напиша на Инстаграм саканата на Мандар, кој во јавноста освен по Јутјуб видеата, е познат и како најдобaр другар на Стефан Лазаров.

Јутјуберот Васил Мандаровски, познат како Мандар ќе стане татко. Тој и неговата сакана Дарија го очекуваат своето прво дете.
Парот направи забава за откривање на полот, а видеото Мандар го сподели на својот Јутјуб канал.
Откако ја отворија огромната кутија со натпис „Момче е или девојче?“ од неа излегоа розови балони, а тие двајца беа пресреќни што ќе им се роди ќерка.
„Те чекаме принцезичке“ - напишаа на Инстаграм и добија многу честитки од пријателите и следбениците на социјалните мрежи.

За посетување, освен по своите видеа на Јутјуб, Мандар е познат во јавноста и како најдобaр другар на Стефан Лазаров.
Повеќе фотографии од парот:
Погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело