Стопанска банка АД - Скопје го реализира проектот за изградба на едукативен сообраќаен полигон

На минатогодишниот настан „Вози право, вози здраво“ Стопанска банка АД – Скопје се заложи за изградба на едукативен сообраќаен полигон за велосипеди/тротинети/ролерки, донација за Град Скопје.

stopanska-banka-ad-skopje-go-realizira-proektot-za-izgradba-na-edukativen-soobrakaen-poligon-01.jpg

Во таа насока, Банката ја ангажираше градежната компанија Бортас доо Скопје, да го реализира проектот во Паркот Македонија, населба Козле согласно дозволата од Град Скопје за поставување на урбана опрема бр. 137216/2 од 04.04.2016. Во изградбата на овој едукативен полигон нашата заложба е да се користат еколошки материјали и да биде поставена урбана опрема (играчки, клупи, корпи за отпадоци, сообраќајни знаци и детски полигон за учење на сообраќајни правила).

Секако, во градбата нема да се преселат ниту повредат дрвјата кои се наоѓаат во паркот, туку заедно со постојната ридеста градина ќе останат дел од ова ново урбано и рекреативно катче. Пристапот до полигонот ќе биде отворен за сите и ќе може да се користи неограничено и од училишта и градинки кои сакаат да им наметнат на своите ученици сообраќајна култура уште од мали нозе.

Градежните работи, зависно од временските услови, ќе бидат реализирани заклучно со месец мај кога ќе биде организиран и настан на кој жителите на Скопје ќе можат да им помогнат на вработените на Банката во финалното уредување на полигонот - боење, хортикултурно уредување и расчистување по што заедно ќе го пуштат во употреба. Настанот ќе претставува надоврзување на минатогодишниот масовен настан „Вози право, вози здраво“ од кој и произлезе оваа донација од Стопанска банка наменет за сите граѓани на град Скопје, а пред се за најмладите.

Се надеваме дека ќе наидеме на трпение за време на градбата и наскоро ќе можеме заедно да уживаме и да учиме како да бидеме одговорни учесници во сообраќајот. 

Вашите препораки и барања пишете ни ги на Facebook страницата На ваша страна

Идејното решение за едукативниот сообраќаен полигон за велосипеди, може да го погледнете на следниот линк.

Би можело да ве интересира:

Маја Кикириткова, среде кампување во Хрватска, поради болка во увото на синот посети доктор - за пре... „Лазар од синоќа почна да го боли увото. Денес, отидовме на преглед, каде му нап...
Миро Кацаров, Лепа Брена - Кои познати личности ги прифатија децата на партнерите како свои? Саша Ковачевиќ за Искра, ќерката на неговсата сакана Зорана, вели дека иако не м...
Сопругата на Даниел Кајмакоски: „Никогаш не сме дочекале Нова година заедно, но на сите им посакувам... Даниел Кајмакоски и сопругата Марина објавија празнични фотки од нивниот дом, ка...
Македонска свадба на плажа во Грција – се игра оро, ечи „Ти донесов млада невеста“ (видео) Србин воодушевено од терасата на својата хотелска соба на 13-ти септември сними ...
Весна Петрушевска со ќерката Мина (20) му купи количка за прошетки на своето куче Минки, кое има и И... „Како го наместивме во количката веднаш ја прифати, како да знае дека е негова“,...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...

Најчитани неделава