Вива соковите препорачани од Здружение на педијатри на Македонија

(Скопје, 18.04.2016) – Соковите Вива, произведени од компанијата Вивакс, се препорачани од Здружението на педијатри на Македонија, што претставува потврда за нивниот висок квалитет, природните состојки и отсуството на конзерванси и вештачки додадатоци.

viva-sokovite-preporacani-od-zdruzenie-na-pedijatri-na-makedonija-1.jpg

„Здружението на педијатри на Македонија беше детално запознаено со производниот процес на нашите сокови и токму тоа ги убеди во квалитетот што го создаваме. Сепак станува збор за врвна технологија и високи стандарди што ги следиме како компанија изминативе две децении. Потврдата од нивна страна е всушност само потврда за високиот квалитет на нашите производи.Токму добиената потврда од Здружението на педијатри е причина и за започнување на  кампањата за едукација на потрошувачите, во поглед на консумирањето течности, со цел разјаснување на дилемата што е здраво, а што не. Здружението од медицински аспект ќе ги објасни  основните суштински начела кои што секој потрошувач треба да ги знае, а ние од технолошки и производствен аспект ќе ја објасниме целокупната процедура на производство на сокови“, изјави Тања Атанасова, маркетинг менаџер на Вивакс.

viva-sokovite-preporacani-od-zdruzenie-na-pedijatri-na-makedonija-2.jpg

Кампањата, иницирана од најголемиот производител на сокови во Македонија, е насочена кон сите потрошувачи, но најмногу кон родителите со цел да се заштитат најмладите потрошувачи, децата, од консумирање на неквалитетни сокови. Доедукацијата како потреба произлегува и од зголемениот тренд за водење здрав начин на живот и консумирање здрава храна при што информациите најчесто се добиваат од интернет, и многу често се нерелевантни и не се медицински поткрепени. Истражувањата покажуваат дека многу мал процент од населението има навика да чита декларации на производите, а уште е помал процентот на оние кои што го разбираат составот и знаат што е добро и корисно за консумирање, а што не.

Високиот квалитет на Вива соковите придонесе  да отпочнеме кампања која што е во цврста корелација со начелата и принципите на нашата работа. Верувам дека Здружението на педијатри со едукативната улога во оваа кампања ќе даде дополнителен придонес за менување на ставовите и подигнување на свеста, пред сè кај родителите, за сите прашања поврзани со консумација на течности, сокови, како и вистинските придобивки од истите. Потврдата за квалитетот на Вива соковите од страна на Здружението на педијатри доаѓа како резултат на постојаниот развој и иновативност на компанијата Вивакс, што претставува доказ дека го имаме вистинскиот соработник за оваа кампања“, изјави Аспазија Софијанова, Претседател на Здружението на педијатри на Македонија.

viva-sokovite-preporacani-od-zdruzenie-na-pedijatri-na-makedonija-3.jpg

Кампањата ќе опфати повеќе активности во насока на едукација и на возрасните и на младите, едукативни видеa и летоци со информативни содржини, како и едукативни посети на децата во производните погони на Вивакс.

Би можело да ве интересира:

Камионџијата Андруш на тема брак: „Уф, фала ти, скраја било, за што ќе ми е - за да умрам побрзо?“ „Зошто, што ми фали сам, си ‘рчам на раат... Што ќе ѝ ‘рчам на некоја госпожа, п...
Маја Гроздановска за љубовта со Дарко Панчев: „Собирав негови сликички како дете, го запознав на сви... „Случајно ја видов кафуле во Капиштец, ме заинтригира и јас иницирав да се видим...
Место со врвно кафе во Скопје - „Тhe Dudе" повторно меѓу 100 најдобри кафетерии во светот Еден од најкул локалите во Скопје специјализирано за кафе, The Dude, втора годин...
Маја Панчева (52) како да не старее - Прекрасна без шминка, на летување со ќерките во Грција Марија и Надица многу личат на својата мајка, а Маја, пак, делува како за неа, г...
„Баба од соништата“ - Саканата на Лозано ѝ честиташе роденден на мајка си и објави фотки од неа со в... Убавата Сава Грачанин беше на концертот на Влатко Лозаноски држејќи го во раце н...
Елена Најдоски ужива во Швајцарија со сопругот - празнично патување од соништата „Баш ова ми требаше. Целосно уживање во најтоплата термална бања во Швајцарија. ...

Најчитани неделава