Ирена Павлова, сениор менаџер во AVON: Со AVON станав девојка која знае да води свој бизнис

Компанијата ми овозможи да постигнам финансиска независност, а паралелно со тоа ми даде можност да имам флексибилно работно време, што е голема реткост во денешно време – објаснува Ирена.

irena-pavlova-senior-menadzer-vo-avon-so-avon-stanav-devojka-koja-znae-da-vodi-svoj-biznis-1.jpg

Штипјанката Ирена Павлова е дипломиран правник, но одлучила да стане дел од семејството на козметичкиот гигант AVON поради шансата да изгради сопствен бизнис и да се надградува низ постојаните обуки. Денес води продажен тим составен од 450 луѓе, а континуираниот раст ја исполнува и ѝ дава стимул за работа. Откако влегла во овие води запознала многу луѓе, се оформила како личност и прераснала во девојка која е способна да води сопствен бизнис.

- АVON ми овозможи да бидам финансиски независна, а паралелно со тоа ми даде можност да имам флексибилно работно време, што е голема реткост во денешно време – додава 28-годишната Ирена.

Мисија за поубав и побезбеден живот

За неа, AVON претставува сигурност и охрабрување и неограничен потенцијал за стекнување на нови знаења и можности за заработка.

- Без разлика на тоа што сум дипломиран правник, АVON е моја професија и единствена преокупација. Секој ден го минувам работно со AVON, независно дали во канцеларија или надвор на теренска работа. Огромна среќа во работата ми причинува фактот што преку убавината и производите за убавина, ја споделувам мисијата за поубав и побезбеден живот за сите жени во светот – додава Ирена.

Особено задоволство ѝ причинува тоа што има шанса преку продажба на одредени производи да им помогне на жртвите на семејно насилство и на жените кои се борат со ракот на дојка. 

- Сознанието дека преку убавината ги трансформираш животите на луѓето е навистина бесценето чувство – додава Павлова.

irena-pavlova-senior-menadzer-vo-avon-so-avon-stanav-devojka-koja-znae-da-vodi-svoj-biznis-2.jpg

Обуки под менторство на успешни дами

Сегашниот успех го постигнала благодарение на тоа што верувала во себеси, но и како резултат на поддршката која AVON ѝ ја дава и тимскиот дух кој компанијата постојано го развива.

- Континуирано поминувам низ обуки на различни теми, под менторство на успешни дами кои ми даваат огромна поддршка и инспирација во секојдневната работа – објаснува Ирена.

Една од најголемите предности на работата со AVON е фактот дека е финансиски независна и има флексибилно работно време.

- На тој начин сама си го определувам слободното време и си посветувам повеќе време на себеси и на луѓето околу мене – посочува таа.

За пет години се гледа на уште повисока и посилна позиција во компанијата и со барем двојно поголем број на луѓе во нејзиниот тим. Во контекст на новото мото на AVON, „Убавина со цел“, Павлова вели дека според неа убавината претставува пат до среќата, исполнетост како и помош која треба да им се даде на оние на кои им е потребна.

- Секоја среќна и исполнета жена е убава жена. Тоа за мене е убавина со цел – завршува Ирена. 

Би можело да ве интересира:

Сестрата на Спире кој почина во Кочани, пушти 27 балони кон небото за неговиот роденден: „Те сакам б... „Среќен небесен роденден брат. Оваа година можам да ти подарам само 27 балони“, ...
Тина од Струмица воодушеви на германскиот The Voice - Жирито со подзината уста, се „степаа“ кој да ј... Во првото појавување пред жирито, нашата Тина ја пееше Do It Like a Dude од Џеси...
Љубовни прегратки - Аделина Тахири и сопругот и 8 години по свадбата заљубени како на почетокот Пејачката објави нови фотографии со сопругот, на кои се прегрнуваат, разменуваат...
Марио ја запроси Ивана од Куманово на крузер на пат кон Ибица - на стаклен мост како од филм (фото) „За запросувањето се подготвував речиси 2 месеци, затоа што сакав сè да биде пос...
Како Македонците ги маскираа своите дечиња за Halloween 2025? Страшни духови, крвави аутфити, вештерки, тикви... Погледнете дел од најинтересн...
Андријана Јаневска објави ретка фотка со сопругот и синовите - Се забавуваат на патување низ Холанди... Иако често патуваат заедно, пејачката само во посебни прилики споделува семејни ...

Најчитани неделава