Странските инвеститори донираа 200.000 денари во хумани цели

Рекордни 200.000 денари собрани на „Светскиот пикник“ овој викенд, денес беа донирани во хуманитарни цели. Советот за странски инвеститори при Стопанска комора Македонија ги донираше собраните средства во народната кујна во црквата Св. Апостол Петар и Павле и во Хуманитарно здружение „Хилал“.

stranskite-investitori-doniraa-200-000-denari-vo-humani-celi-03.jpg

„Ни причинува особено задоволство што им овозможивме на граѓаните да вкусат автентични интернационални рецепти, но што е најважно успеавме во нашите хумани намери да собереме парични средства кои ќе ги подариме на оние граѓани на кои храната им е најпотребна. Собраните средства ќе бидат поделени на две еднакви половини за двете народни кујни кои функционираат на ниво на град Скопје. Се надеваме овие средства за нив ќе бидат добредојдени и во иднина ќе креираме слични поводи за вакoв тип на настани“, изјави г-дин Петер Штефан, Претседател на Советот на странски инвеститори и Претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија .

„Би сакале да се заблагодариме од името на  народната кујна во црквата Св. Апостол Петар и Павле за ваквиот хуман гест кој е од големо значение за сите нас . Средствата ќе ги искористиме за сите неопходни прехрамбени производи со кои ги згрижуваме секојдневно нашите штитеници“, изјави отец Костадин Малинов од народната кујна во црквата Св. Апостол Петар и Павле.

stranskite-investitori-doniraa-200-000-denari-vo-humani-celi-02.jpg

„Секоја помош за нас е добредојдена, посебно сме среќни кога станува пракса важните јубилеи да се прославуваат со некој хуман гест. Се надеваме ваквиот настан ќе послужи како пример и за останатите компании и организации во општеството“, изјави Мустафа Даути претседател на хуманитарната организација „Хилал“.

Со хуманитарниот пикник во Градскиот парк во Скопје, Советот на странските инвеститори при Стопанската комора на Македонија го одбележа 10 годишниот јубилеј. На светскиот пикник граѓаните имаа можност да пробаат карактеристични рецепти од 11 различни земји од каде потекнуваат странските инвеститори во Македонија.  Основната цел на Советот е и во иднина да продолжи да работи на подобрување на севкупните општествени и економски прилики во Македонија до кои може да се дојде само со партнерство и заеднички, транспарентен дијалог со локалното население, бизнис партнерите, но и со надлежните институции.

stranskite-investitori-doniraa-200-000-denari-vo-humani-celi-01.jpg

Би можело да ве интересира:

Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
„Бев на концертот на Петар Грашо и Дорис Драговиќ во Скопје - Зошто Дорис (64) е вистинска дива и пр... „Братучетка ми, во своите рани 20-ти знаеше само една песна од ТикТок, сестра ми...
Дечко од Скопје: „Во Охрид 2 големи пици, пиво и винце платив 1.170 денари, до езерото среде сезона ... „И годинава традиционално се фрла отров по Охрид, нормално, се изначитавме безбр...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Луксузната свадба на Јована од Свети Николе и Петар од Прилеп - регистрација со дрес код, срце од 2 ... „Бев вклучена во секој чекор од декорацијата, па покрај тоа што имаше луѓе што с...
Апел од наш доктор: „Ве молам денар да не давате на 'просјаците' во Клинички центар во Скопје, цела ... „Најсиромашните што движат по Клинички Центар во Скопје, скромни стуткани луѓе с...

Најчитани неделава