Шпаркасе Банка Македонија и Винер Осигурување со донаторска акција во СОС Детско село

Шпаркасе Банка Македонија во рамките на својата стратегија и активностите што се дел од платформата Sparkasse Life, веќе четврта година по ред ја реализира својата поддршка за децата од СОС Детско село. Оваа година, во пресрет на 15-годишниот  јубилеј на СОС Детско село, решивме повторно да ги поддржиме нашите мали пријатели.

sparkasse-banka-makedonija-i-viner-osiguruvanje-so-donatorska-akcija-vo-sos-detsko-selo-1.jpg

Годинава, главниот акцент во СОС Детското село е подобрувањето на животните услови на децата, реновирање на семејните куќи, промена на прозорци, фасади и слични активности, кои се од голема важност за подобрување на квалитетот на животот на овие деца.

Шпаркасе Банка Македонија заедно со Винер Осигурување ја обезбедија потребната финансиска поддршка за бојадисување на внатрешните ѕидови на 11 семејни куќи, со што се овозможи освежување, дезинфекција и разубавување на животниот простор на децата.

„Со цел да помогнеме и да ја искажеме нашата искрена грижа и поддршка за децата без родители и родителска грижа, вработените во Шпаркасе Банка Македонија и во Винер Осигурување учествуваа во заедничката работна акција за децата од СОС Детско село. Вработените од овие две компании, заедно со децата, ги бојадисаа оградите и детскиот забавен парк, го уредија дворот со садници, имаа заеднички појадок и многу дружење“ - изјави Тодорка Сајкова, директор на службата Маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка Македонија.

sparkasse-banka-makedonija-i-viner-osiguruvanje-so-donatorska-akcija-vo-sos-detsko-selo-2.jpg

Александра Ивановски, в.д. директор на програми во СОС Детско село Скопје, изјави: „Ние, во СОС Детско село Македонија го прославуваме 15-годишниот јубилеј. Сите овие години сме посветени на работата со децата, се обидуваме да им подариме топол дом и грижа. Благодарни сме на нашите пријатели, кои заедно со нас помагаат во остварувањето на нашата визија дека секое дете му припаѓа на семејството, дека треба да расте во љубов, со почит и со чувство на сигурност. Градиме семејства за деца во ризик, им помагаме да ја оформат сопствената иднина и учествуваме во развојот на нивните заедници. Пријателите од Шпаркасе Банка ја согледаа оваа потреба и благодарни сме им за тоа што заеднички ќе го разубавиме просторот во кој растат децата од СОС Детско село Македонија“.

Шпаркасе Банка Македонија во континуитет ја продолжува и ја развива својата стратегија за општествена одговорност преку реализација на бројни проекти, кои се наменети за поддршка на социјално ранливи категории на лица, децата без родители и родителска грижа, болните од ретки и тешки заболувања, како и развојот на спортот и културата во државата. Соработката со СОС Детско село се гради веќе неколку години низ реализација на проекти што ја покажуваат вистинската грижа кон оваа категорија на лица, чија цел е да им се овозможат нормални услови за живот и насочување на развојот на децата во склоп со заедницата на која ѝ припаѓаат.

sparkasse-banka-makedonija-i-viner-osiguruvanje-so-donatorska-akcija-vo-sos-detsko-selo-3.jpg

Би можело да ве интересира:

Цеце Николова, порасна во дом за деца без родители и денес блеска: „Се срамам од постапките на моите... „На прашањето „Дали некогаш се срамиш од твоите родители?“, Цеце вели:„Уф, многу...
Астрологот Зоран Крстевски: „Станав самохран татко кога децата имаа 3 и 6 години, се видов во наталн... „Кога седнавме да ѝ ја направам наталната карта, се видов себеси во неа. Анализи...
Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...
Дарио од Битола ја запроси Мишела на -28°С на Пелистер: „Организирал сè од Германија - ме воодушеви“ „Бев шокирана кога ми рече дека ме сака и сака да го помине остатокот од животот...

Најчитани неделава