Познати спортски брендови со прифатливи цени за секого во новоотворениот Sport Vision Outlet Extra

poznati-sportski-brendovi-so-prifatlivi-ceni-za-sekogo-vo-novootvoreniot-sport-vision-outlet-extra-1.jpg

(Скопје, 04.07.2016) Најпознатиот ланец за спортска опрема во нашата држава, Sport Vision, го отвори најголемиот аутлет во Македонија. Новиот Sport Vision Outlet Extra е опремен со повеќе од 50 светски спортски брендови и се простира на големина од 700-m2 кои што на сите спортски љубители им се достапни над 50.000 спортски производи.

Големото отворање на најголемиот аутлет, кој што се наоѓа на ул. 3-та Македонска Бригада бр.1, спроти висококатниците во Аеродром, беше проследено со целодневна забава која го разигра обичното секојдневие на Скопјани. Посетителите наидоа на вистинско воодушевување од понудените спортски светски брендови и од достапноста на производите со прифатливи намалени цени на кои имаше и специјален попуст од 20% на постоечките аутлет цени.

poznati-sportski-brendovi-so-prifatlivi-ceni-za-sekogo-vo-novootvoreniot-sport-vision-outlet-extra-2.jpg

„Среќни сме што успешната спортска приказна на Sport Vision продолжува. Sport Vision Outlet Extra е новиот концепт на продавници кој го промовираме пред јавноста и сите фанови и љубители на спортот. Независно од тоа дали сте професионални спортисти, рекреативци или најобични љубители на спортска опрема и облека, во Sport Vision Outlet Еxtra ќе најдете над 50.000 модели на секаков вид спортска облека, патики, опрема и аксесоари по доста поволни цени. На отворањето имавме навистина голема посетеност и токму поради тоа согледуваме дека понудениот асортиман ги задоволува потребите и желбите на сите постојани и потенцијални купувачи“, изјави Игор Трпковски, директор на Sport Vision Macedonia.

Новиот Sport Vision Outlet Extra е единствен по цените кои ги нуди на посетителите кои што имаат шанса да купат папучи од 232 денари, машки и женски маици од 392 денари, шорцеви од 472 денари, долен дел тренерки од 712 денари, детски патики од 792 денари, машки патики од 792 денари и женски патики од 712 денари.

Аутлетот нуди богатата понуда од колекциите на познатите светски брендови како Nike, аdidas, Reebok, Timberland, Converse, Champion, Sergio Tacchini, Ellesse, Lonsdale, Umbro и други.

poznati-sportski-brendovi-so-prifatlivi-ceni-za-sekogo-vo-novootvoreniot-sport-vision-outlet-extra-3.jpg

Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...
Дечко од Скопје: „Во Охрид 2 големи пици, пиво и винце платив 1.170 денари, до езерото среде сезона ... „И годинава традиционално се фрла отров по Охрид, нормално, се изначитавме безбр...

Најчитани неделава