Победникот на „Шут гол, Сити мол!“ отпатува на финалето на ЕУРО 2016!

pobednikot-na-sut-gol-city-mall-otpatuva-na-finaleto-na-euro-2016-03.jpg

Осумнаесет-годишниот Стефан Тодосиев е победник на натпреварот во лесни фудбалски вештини  „Шут, гол, Сити мол!“ кој се одржуваше од 10 јуни во Скопје сити мол и во кој можеа да учествуваат сите фудбалски фанови, страствени навивачи и останатите кои имаа желба лично да ја доживеат атмосферата на едно од најголемите спортски случувања на денешницата, финалето на ЕУРО 2016.

Скопје сити мол и Кореа ауто трејд, официјален дистрибутер за Hyundai во Македонија, со овој натпревар сакаа да ги поддржат сите кои го сакаат фудбалот, креирајќи активности со кои ќе внесат возбуда во овие денови на фудбалското првенство и ќе ги наградат потрошувачите.

pobednikot-na-sut-gol-city-mall-otpatuva-na-finaleto-na-euro-2016-05.jpg

Стефан Тодосиев доби патување за двајца на финалето на ЕУРО 2016 во Франција, со вклучени патни трошоци и сместување, и ќе ужива во најголемата спортска манифестација заради која деновиве застанува светот. Натпреварот за освојување една од останатите официјални награди; ранци, маички, чаши или капи е сеуште отворен и трае до 10 јули.

pobednikot-na-sut-gol-city-mall-otpatuva-na-finaleto-na-euro-2016-04.jpg

“За натпреварот „Шут, гол, Сити мол!“ дознав сосема случајно, но бидејќи сум голем фан на фудбалот, не пропуштам каква било прилика да учествувам во активности поврзани со мојот омилен спорт. Пресреќен сум што сум добитник на две карти за финалето на ЕУРО 2016, настан кој убеден сум ќе го памтам цел живот. Голема благодарност до Скопје сити мол и Кореа ауто трејд за ваквата иницијатива да му обезбедат некому незаборавно доживување на врвен спортски настан“ – изјави Стефан Тодосиев , добитник на главната награда.

pobednikot-na-sut-gol-city-mall-otpatuva-na-finaleto-na-euro-2016-01.jpg

Скопје сити мол и Кореа Ауто Тренд официјален дистрибутер за Hyundai во Македонија, со натпреварот „Шут, гол, Сити мол!“ сакаат да ја споделат страста кон фудбалот како глобална љубов, да внесат радост и возбуда и да ги охрабрат младите што повеќе да го практикуваат фудбалот како спорт што обединува и креира позитивни вредности, поттикнувајќи ги на партиципативен и толерантен спортски дух и фудбалска култура, во контекст на Европскиот шампионат во фудбал.

Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров и сопругата направија откривање на полот на детето - со торта на плажа (видео) Се прегнуваат и бакнуваат на плажа, откако открија кој пол е нивното бебенце. Ст...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Стефан Лазаров: „Сакам да ме гледаат како лик кој немал ништо во животот и создал сè сам во својата ... „Некој ќе каже во Македонија сме такви (критикуваме). Не, не, секаде е така. Дур...
Стефан oд Прилеп ја запроси саканата Милена во Холандија - по ноќна смена, без ниту час сон (фото) Стефан oд Прилеп, живее со Милена во Германија, а ја запроси на патување во Хола...
Стефан Лазаров ќе стане татко, за CRNOBELO открива: „Дознавме во 7-ма недела“ „Со Марта заедно се јавивме на нашите - требаше да ви ги снимиме реакциите за да...

Најчитани неделава