Отворена втората Coca-Cola активна зона

otvorena-vtorata-coca-cola-aktivna-zona-01.jpg

Во градскиот парк во центарот на градот, Пивара Скопје и Coca-Cola компанијата заедно со Општина Струмица ја пуштија во употреба втората Coca-Cola aктивна зона. Отворањето на активната зона во Струмица е во рамките на долгорочниот проект „Coca-Cola активни зони“ кој ќе се реализира во повеќе општини ширум земјава.

Активните зони се донација од Coca-Cola компанијата и Пивара Скопје со која се обезбедуваат рекреативно-спортски зони на отворено опремени со најсовремена фитнес опрема, наменети за употреба на сите граѓани.

„Со проектот „Coca-Cola Активни Зони“ ја продолжуваме долгогодишната мисија и традиција на Пивара Скопје и Coca-Cola за промоција на спортот и редовната физичка активност. Во рамките на овој значаен проект, денес во Општина Струмица, поддржани од локалната самоуправа и организацијата ‘‘Отворени забавни фудбалски школи‘‘, ја отворивме и втората Активна Зона во Македонија. Особено ни е драго што и граѓаните на Струмица добиваат можност да се рекреират и спортуваат во текот на целиот ден. Летово ќе продолжиме со реализација на проектот “Coca-Cola активни зони”, кој е од огромно значење за зголемувањето на физичката активност кај сите граѓани.”, изјави г-дин Јован Радосављевиќ, Генерален Директор на Пивара Скопје АД.

otvorena-vtorata-coca-cola-aktivna-zona-02.jpg

‘‘Особено ни е драго што Општина Струмица е дел од овој проект кој на граѓаните им овозможува простор за рекреација и редовно спортување. Со поставувањето на Coca-Cola активната зона во Струмица го зајакнуваме нашето партнерство со Пивара Скопје и Coca-Cola компанијата и заедно продолжуваме да работиме кон создавањето здрави животни навики кај сите категории на граѓани.‘‘ – изјави г-дин Зоран Заев, градоначалник на Струмица.

Активните зони се состојат од 5 професионални фитнес справи и голови за мал фудбал поставени на соодветни локации на отворено и ќе бидат 24 часа достапни за користење.

Проектот е дел од глобалната платформа за промоција на здрав и активен живот на Coca-Cola и е одлична комбинација на спорт, забава и дружење како основа за создавање здрави животни навики кај граѓаните. Ова лето, покрај Скопје и Струмица, активни зони ќе бидат отворени и во Прилеп, Тетово и Охрид.

Би можело да ве интересира:

Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...

Најчитани неделава