Битолското чупе меѓу 25-те најдобри кампањи на регионалниот рекламен фестивал BalCannes во Ровињ

Кампањата за наградната игра на Битолското трајно млеко со 10 витамини „Битолското чупе на пат околу светот“ е единствената кампања од Македонија која влезе меѓу 25те најдобри на престижниот регионален фестивал BalCannes и тоа во силна конкуренција на одлични проекти од целиот регион.

bitolskoto-cupe-megu-25-te-najdobri-kampanji-na-regionalniot-reklamen-festival-balcannes-vo-rovinj-1.jpg

„Битолското чупе на пат око светот“ е возбудливо патување од серијалот Авантурите на Битолското чупе во  кое децата имаа можност да уживаат на оригинален и креативен начин, преку забава и учење. Многу ми е драго што добрата идеа беше препознаена од страна на жирито и што нашиот успешен проект се најде меѓу најдобрите во регионот“ – изјави Полексена Ристеска, Маркетинг менаџер во Бимилк.

Наградната игра за која беше креирана кампањата на почетокот на годината забележа неверојатен успех ширум земјава, со продадени вкупно 55.000 албуми а испратени дури 13.653 албуми со сликички.

Кампањата беше осмислена и реализирана од агенцијата Меккен Скопје и е уште еден пример дека добриот проект не мора да биде голем или скап, туку е синергија на брендот кој има што да каже и добра идеа која вреди да се оживее.

Фестивалот BalCannes кој се одржува веќе пет години по ред во рамките на Weekend Media Фестивалот, оваа година беше посетен од рекорден број на 57 агенции од регионот на Југоисточна Европа.

Кампањата може да ја погледнете во продолжение:

За повеќе информации за „Бимилк“ посетете ја нашата веб страна: www.bimilk.mk или Фејсбук страната на Бимилк.

Би можело да ве интересира:

И Ксенија Николова објави фотка како се гушка самата себеси како дете: „Ти си најсилна кога е најтеш... „Ксенија, сакам да знаеш дека постои некој кој во една точка од животот сфати мн...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
Јелена Спенџарска го посети родното село на баба ѝ: „Куќата кај што се родила уште се ‘држи’ некако“ „Замислете оваа жена до мене тука создавала пријателства, плачела, учела, си игр...
Слаткар на концерт во Банско се дружеше со Јован, кој спаси 20 деца во Кочани: „Со херојот“ Ова не е прва средба на Слаткар и Јован. Кога пред неколку месеци пееше во клуб ...
Моника Црнокрак со нова титула од избор за убавина - Ќерката на Мики и Светле меѓу најубавите на Мис... Во финалето Моника се претстави во стилизирана македонска носија и во долг фуста...

Најчитани неделава