Се одржа регионалниот офталмолошки симпозиум во Скопје

Викендов се одржа Регионален офталмолошки Симпозиум на темата „Новитетите во офталмологијата“  акредитиран од Лекарската комора на Македонија, а во организација на  Систина Офталмологија, дел од групацијата на универзитетската клиника за офталмологија Свјетлост од Загреб.

se-odrza-regionalniot-oftalmoloski-simpozium-vo-skopje-4.jpg

Свои предавања на симпозиумот имаа специјалистите офталмолози проф. д-р Никица Габриќ,  доц. д-р Ратимир Лазиќ, д-р Маја Бохач и д-р Анте Баришиќ од Свјетлост од Загреб и тимот специјалисти офталмолози од Систина Офталмологија, д-р Златко Арнаудовски, д-р Виолета Бучкоска Николовска, д-р Билјана Костовска, д-р Фанка Гилевска и д-р Илир Османи.  Учесници беа и многу специјалисти офталмолози од други земји, како и специјализанти што ги следеа предавањата.

se-odrza-regionalniot-oftalmoloski-simpozium-vo-skopje-1.jpg

„Среќен сум што колегите офталмолози се одзваа на нашата покана во волкав голем број и беа дел од денешниот регионален Симпозиум. Над 200 врвни офталмолози беа присутни денес, што само укажува на потребата од организација и реализација на што повеќе вакви стручни средби во насока на унапредување на струката, како и знаењата и вештините што ги испорачуваме до пациентите. Имавме гости од Косово, Србија, Хрватска и разменуваме искуства и сугестии за новостите во офталмологијата, поточно новите методи и техники што ги применуваме во катарактната, рефрактивната и витреоретиналната хирургија што даваат одлични резултати“ - изјави Др. Златко Арнаудовски - Медицински Директор и Шеф на одделот за катарактна хирургија на Систина Офталмологија дел од групацијата на Универзитетската клиника за офталмологија Свјетлост од Загреб.

se-odrza-regionalniot-oftalmoloski-simpozium-vo-skopje-2.jpg

Систина Офталмологија веќе 7 години успешно  практикува нови трендови, инвестира во технологија и во знаење, финансирајќи специјализации на идни офталмолози што ќе продолжат да ги следат светските стандарди и да ги применуваат во офталмолошката практика во Македонија со поддршка на Универзитетската клиника за офталмологија Свјетлост од Загреб.

Двете очни болници континуирано работат на едукација на населението и подигнување на нивото на здравствената услуга, со врвно опремени технички простории и со најдобра медицинска опрема, успешно хармонизирајќи ги вредностите, критериумите и професионализмот.

se-odrza-regionalniot-oftalmoloski-simpozium-vo-skopje-3.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонската младина за првпат дел од младинското глобално климатско движење Младите од Сееверна Македонија официјално станаа дел од младиснката глобалната п...
Македонски психолог за маките на клиентите кои се отселиле од Македонија: „Им недостигаат луѓе, глас... „Овој пост е инспириран од моите клиенти кои повеќе не живеат во Македонија. Сел...
Кирил Џајковски е добитник на годинашната награда „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ Со оваа награда, македонската филмска заедница ја истакнува и ја слави уникатнат...
Татјана Лазаревска се врати од Австралија, па ја одведе мајка ѝ на иселеничка забава: „Мојата кралиц... Фолк-пејачката Татјана Лазаревска си дојде во родната Македонија по скоро 2 годи...
Една од најзгодните наставнички во Македонија прослави роденден - во еден локал, па во училница: „44... Ноќта Маја Г. славеше во црн светкав фустан со висок шлиц и ја истакна својата ф...
Не е Норвешка. Не е Алјаска. Не се Доломитите – Македонија е (фото) „Нè пречека густа магла што ги бришеше видиците и ги криеше патеките. Чекоревме ...

Најчитани неделава