Вашиот лајк станува донација во големата хуманитарна акција на Скопје Сити Мол!

Дарувањето е исконска потреба на човекот да ги направи среќни оние што ги сака. Дарувањето е израз на најтопли чувства, начин како делче од себе да дадеме некому. Но повеќето луѓе тврдат дека далеку повеќе ги радува кога даруваат тие, отколку кога самите добиваат подарок. Дарувањето е двигател на убави емоции, радосни моменти, што никогаш не доаѓаат сами. Во „пакет“ со нив се и бакнежите, гушкањата, топлите зборови и благодарноста. „Никој никогаш не осиромашил затоа што нешто дарувал“ напишала еднаш Ана Франк. Во оваа неоспорлива вистина и горечка инспирација се крие еден од тригер-мотивите оваа година Скопје Сити мол да ја иницира големата хуманитарна акција Јас Дедо Мраз.

vasiot-lajk-stanuva-donacija-vo-golemata-humanitarna-akcija-na-skopje-city-mall-1.jpg

Секој што сака да донира може да учествува со едноставно притискање „лајк“ на објавата за донации на фејсбук-страницата на Сити мол. Така „лајкот“ станува донација од некоја од продавниците во трговскиот центар, а тие во име на потрошувачите ќе дадат подарок-донација од својот асортиман на производи. Ова е втора недела од почетокот на акцијата и овој пат донации прават Fashion Group MacedoniaBebe Home и Крш. Потрошувачите може да даруваат „лајк“ што нема да ги чини ниту денар, а ќе придонесат за поубави, посреќни и повозбудливи денови на дечињата од Домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје.

vasiot-lajk-stanuva-donacija-vo-golemata-humanitarna-akcija-na-skopje-city-mall-2.jpg

За секои 250 лајкови секој од брендовите поединечно донираат во име на потрошувачите, а за поголема транспарентност на иницијативата пред продавниците на брендовите што учествуваат во акцијата се поставени аналогни фејсбук-бројачи што го евидентираат секој лајк на посетителите на фан-страницата на Сити мол, како и на секој од посетителите во молот. Колку повеќе лајкови, толку повеќе подароци за децата без родители и оваа Нова година!

vasiot-lajk-stanuva-donacija-vo-golemata-humanitarna-akcija-na-skopje-city-mall-3.jpg

„Сите деца имаат право на среќно детство. Сите деца имаат право на поволни околности и еднакви можности да растат здраво, среќно и да имаат сé што им треба за квалитетно детство. Силно веруваме во оваа иницијатива и во концептот на дарување кое не само што усреќува некого, туку и го заживува нашиот дух. Се надевам дека ќе бидеме инспирација за сите поединци и компании да градиме заедно човечки врски што се темелат на хуманост и на благодарност. Ги поканувам сите да ги даруваат своите „лајкови“ на Fashion Group MacedoniaBebe Home или на Крш, а ние тиe лајкови ќе ги претвориме во донација. Но, секој може и лично да донира средства или материјали добра на нашиот инфопулт во приземјето на молот“ - изјави Дарко Панчевски, претставник од Скопје Сити мол.

Хуманоста е клучот на личната среќа и мотивација за подобар живот.

Покажете ја својата хумана страна и подарете среќа во празничните денови на многу дечиња што имаат потреба од неа. Акцијата трае до 31 декември, а во неа учествуваат Европа, Тудорс (Tudors), Спорт вижн (Sport Vision), Фешн груп (Fashion Group), Крш тојс( Krsh Toys), Бебе хоум (Bebe Home), Анхоч (Anhoch), Нина бокс (Nina box) и Екстрим интимо (Extreme Intimo).

Приклучете се во акцијата #ЈасДедоМраз и овие празници донесете насмевки на лицата на многу дечиња.

Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...

Најчитани неделава