Добредојдовте на најдобриот сајт во Македонија!

dobredojdovte-na-najdobriot-sajt-vo-makedonija-1.jpg

Можеби звучи нескромно, но ретко се фалиме, а годинава имаме и зошто. Едноставно кажано – полни сме со емоции и мерак ни е да го споделиме ова со сите вас, затоа што вие сте најголемите виновници за нашиот успех и нашата најголема инспирација и мотивација.

Заокружуваме уште една година. 2016-та за CRNOBELO.com беше најуспешна до сега во нашето 8 годишно постоење:

  • Успеавме да ги срушиме сопствените рекорди за посетеност
  • Надминавме над 200.000 фанови на нашата Фејсбук страница
  • Го зголемивме тимот
  • Многу ваши текстови си најдоа место во нашето катче „Сакам да пишувам“
  • Успеавме да пласираме најмногу авторски содржини до сега
  • Поддржавме многу проекти на невладини организации во добри цели
  • Се надеваме дека успеавме да расположиме многу од вас, да научите нешто и да пронајдете инспирација во нашите статии.

Изминатава недела на наше огромно задоволство се закитивме со две награди и признанија.

dobredojdovte-na-najdobriot-sajt-vo-makedonija-2.jpg

Бевме прогласени за премиум STUBRAND – прв избор на студентите. Особено значајно за нас затоа што студентите се голем процент од нашата публика, наши редовни критичари и искрени пријатели.

Пред два дена на манифестацијата „Сајт на годината“ го добивме првото место во категоријата најдобар сајт во Македонија за 2016-та година. Ова ни е прва награда во оваа категорија и особено значајна затоа што е вистинско признание за нашиот труд низ годините.

dobredojdovte-na-najdobriot-sajt-vo-makedonija-3.jpg

Ви благодариме на сите вас за големата доверба и навистина ни е драго што го цените трудот на нашиот тим.

Годинава вистинскиот „зачин“ на CRNOBELO.com беа текстовите на нашите - Буџак, Марина, Милена, Михаела, Софија, (О)Милена, Бети, Сања. Секојдневно од нашите канцеларии будно ги следат вашите критики, коментари и барања: Маја, Еми, Наташа, Моника, Игор. А, за беспрекорното функционирање на CRNOBELO.com се грижат Игор и Зоки.

Едно е сигурно – во 2017 продолжуваме помотивирани и со нови цели.

Вам Ви посакуваме среќни празници, поминете прекрасни моменти со вашите најблиски, бидете безгрижни барем за момент, прегрнувајте се и споделувајте љубов.

И секако, читајте CRNOBELO.com, ние работиме 24/7 :-)

Би можело да ве интересира:

Нашиот тату артист Горан Миќиќ направи тетоважи уметност во САД „Ова не е само патување низ Америка. Ова е патување низ уметноста, идентитетот и...
Игор од Прилеп ја запроси саканата Елена на магична локација покрај езерото Комо во Италија (фото) Игор Јанкоски од Прилеп, информатички инженер, ја запроси саканата Елена Ангелес...
Нашиот фризер Октај Сејди за средбата со Хајди Клум во Париз: „Ми пријде и ми кажа дека сме исто обл... „Додека јадев во ресторан после ревијата, одеднаш погледнав случајно пред мене и...
Нашата мала хероина Верче утре си оди дома кај мама, тато и бато, по последната зрачна терапија и бо... „1 април е… ама ова не е шега. Денес славиме оти нашата храбра Верче од Родителс...
Нашиот фотограф BadStef во Кина на -30°С: „За 4 минути ми смрзнаа трепките“ „Ги извадив очилата за сонце само на 4 минути и трепките и веѓите веднаш ми смрз...
Игор Џамбазов: „Си ја проверував спермата додека бев со Илина, имам понуди од жени да ми родат дете“ „Мажот ми вели: „Со кучиња ли живееш, бе? Камо деца, бе, да правиш?“ Какова...

Најчитани неделава