Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Tonino Lamborghini - симбол на италијанската кафе-култура

Има нешто во самиот чин на пиење кафе што причинува особено задоволство. Токму затоа луѓето со векови го негуваат ритуалот на пиење кафе, затоа што овој посебен топол напиток не одвојува за миг од обичноста на секојдневието.

tonino-lamborghini-simbol-na-italijanskata-kafe-kultura-01.jpg

Култот кон кафето што го изградија Италијанците продолжува да живее ширум светот преку квалитетната понуда на еспресо со супериорен вкус, послужено со стил.

Една од најдобрите работи во врска со италијанското кафе е дека, без разлика каде и да сте - во планинско село или на некоја римска пијаца – квалитетот е конзистентен и неспорен. Колку што Италијанците ја сакаат својата порција тестенини al dente, толку повеќе ценат квалитетно еспресо.

Иако првата асоцијација за Италија ни е пица, паста и престижни автомобили, семејството Ламброџини се погрижи светот да не заборави кој прави и послужува најдобро кафе. Идејата потекнува од синот на Феруџио, Тонино Ламборџини кој сакајќи да ја прошири визијата и мисијата на неговото семејство, како и да ја пренесе италијанската традиција ширум светот, започнал со производство на премиум кафе и други напитоци.  Кафето покрај автомобилите преставува симбол на италијанската култура и традиција па оттука и самата идеја за производство на кафе со автентичен квалитет и дизајн со познатото лого на фамилијата Ламборџини - “бесен бик”.

tonino-lamborghini-simbol-na-italijanskata-kafe-kultura-1.jpg

Италијанските дизајнери навистина умеат да внесат убавина во иновациите. Водени од значајноста на кафе-културата, семејството Ламборџини и нивниот тим од дизајнери, креираат низа нови искуства за љубителите на квалитетно еспресо.  Од минималистички, префинет дизајн на приборот за послужување на кафе, како и дизајнерската сензација на Тонино Ламборџини кафе машините наменети за угостителите, до задоволството да се има дома црвена лименка 250 грамско пакување на регуларно мелено еспресо, и еспресо во зрна овие производи се создадени да додат уште поголема вредност на моментот кога целосно ги ослободувате вашите сетила за да уживате во една шолја еспресо. Црна мешавина од Alta Mogiana Арабика и високo квалитетна Робуста, Црвена мешавина на Арабика од Централна Америка и Бразил со допир на робуста или пак Платинум мешавина на бразилски зрна 100 % Арабика, Тонино Ламборџини не отстапува од избалансиран, полн вкус, интензивна арома и автентичен шмек.

tonino-lamborghini-simbol-na-italijanskata-kafe-kultura-2.jpg

Вистинските љубители на еспресо во Македонија наскоро ќе имаат можност да уживаат во вкусот на автентичната италијанската традиција во своите омилени кафулиња, но и да го усовршат процесот на подготовка на еспресо во удобноста на својот дом. Последниот новитет од овој бренд е вистински спој на квалитет и практичност. Тонино Ламборџини еспресо капсули кои се компатибилни со Nespresso® машина за кафе, а ќе можете да ги набавите во вашиот најблизок супермаркет. А за еспресо арома во секое време, па дури и во ноќта, безкофеинска мешавина од Арабика и Робуста од Јужна Америка е вистински избор, достапна во 250 грамско пакување во лименка и еспресо патрони вакумирани во една доза, фино мелено и печено кафе.

Еспресо е како ниеден друг пијалок на светот. Една доза еспресо во денот прави низа корисни ефекти врз умот и телото. Допринесува за фокус и концентрација, ја поттикнува креативноста , ги изострува сетилата, а аромата предизвикува емоции и спомени кои го негуваат расположението.

tonino-lamborghini-simbol-na-italijanskata-kafe-kultura-3.jpg

Би можело да ве интересира:

Лабина Митевска со моќен говор по добиена филмска награда во Швајцарија: „Се докажавме во балканскот... „Пред 25 години, долго време бев единствената жена продуцентка, а сестра ми беше...
Македонка снима видеа со бонтон правила за дамско однесување - Како се пие вино, каде се става чанта... „Говорот на тело зборува за тебе и без да кажеш збор. Се случува и без да си све...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
10 локали во Скопје, совршени за летно освежување со коктели Наместо со грч ладно пиво, зошто од летните горештини да не се освежите со добар...
10 локали во Скопје со здрава (и вкусна) храна Авокадо, Залче, Healthy Dose... низ Скопје има бројни локали кои нудат здрава, н...
Браво! „Мамо, мамо кога ќе пораснам сакам да бидам Кристијан – Хрватот кој ги посети сите 197 земји ... „Кристијан слета во Шри Ланка, својата 197 држава на оваа мала магична планета. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg