LEGO® - брендот кој е целосно посветен на детската фантазија

Интересот за најпопуларниот бренд за играчки во светот LEGO, е во постојан пораст повеќе од 80 години. Овој успех се должи на посветеноста и вниманието со кои овој бренд му настапува на производството на секоја коцка и фигура.

lego-brendot-koj-e-celosno-posveten-na-detskata-fantazija.jpg

Креативните јадра на LEGO се составени од повеќе од 180 дизајнери кои се од 24 различни националности. Дизајнерите имаат многу сознанија за детските шеми на игра и начинот на кој децата ги развиват интересите. Секоја година, слушајќи  ги детските гласови, произведени се и тестирани многу нови идеи. Само производите за кои децата гарантираат на крајот одат во производство.

По успехот на коцките кои меѓусебно се спојуваат, LEGO ја лансираше првата фигура во 1978. Оттогаш малиот жолт лик станува се посилен. За време на сите овие години, произведени се повеќе од 5 милијарди фигури.

Кога фигурите се појавиле по прв пат, одлучено е лицето да има само една боја и тоа жолта, а изразот на лицето треба да биде среќен или неутрален. Фигурите немале пол, раса или  улога, туку  децата тоа ќе го одредат преку својата фантазија и игра, се до 1980 година.

Со лиценцираните производи на LEGO® Star WarsTM, LEGO® Harry PotterTM фигурите започнале да се појавуваат во одредени улоги, а со LEGO Кошарка во  2003 година добиена е автентичната боја  на кожа. Во  2004 година  LEGO фигурите добиваат уште поширок спектар на бои на кожата, бидејќи е одлучено ликовите на лиценцираните производи  треба да изгледаат што е можно  повече како изворните ликови. Една од последиците е  што фигурите  од LEGO® Harry PotterTM  линијата ја измениле  бојата на кожата од  жолта во автентичната боја на кожа на ликовите.

Системската креативност е фокус на сите LEGO® производи, а со  тоа доаѓа и високиот квалитет  и безбедност. На пример, ако  ги  набљудуваме  најмладите деца,  големината на елементите е многу значајна. Предшколските елементи се  големи и  благодарение на начинот на кој се обликувани, немаат делови кои можат да се одделат. Поради оваа и другите мерки за безбедност, децата  на возраст од  18 месеци може безебдно да си играат со  LEGO® DUPLO® производите. Сите LEGO елементи се во согласност со најстрогите стандарди за безбедност.

Би можело да ве интересира:

Астрологот Зоран Крстевски: „Станав самохран татко кога децата имаа 3 и 6 години, се видов во наталн... „Кога седнавме да ѝ ја направам наталната карта, се видов себеси во неа. Анализи...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Жена на 58 години забремени со тројка во болница во Македонија – Таа била 5 години во менопауза „Годините не ја запреа желбата за мајчинство. Тројна бременост со ин витро кај п...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Вело Марковски е 35 години постар од сопругата - Наши и регионални парови со голема разлика во годин... Лазар Ристовски по разводот повторно најде љубов и тоа со актерка која е скоро 4...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...

Најчитани неделава