Тортина секој ден, иако не ти е роденден

Кој вели дека мора денес да ви е роденден за да јадете торта?! Тортата е “кралица“ на десертите и сите ние би си се сладеле со торта секој ден. А и зошто да не?! Чоколадна торта, торта со ореви, овошна торта, торта со карамел, голема торта, мала торта... чекајте, некој спомна мала торта?! Мислите Тортина?!        

tortina-sekoj-den-iako-ne-ti-e-rodenden-01.jpg

Тортина стана синоним за мало колаче со мек пандишпан, крем и чоколаден прелив, налик идеално пресечено парче торта. 

Тоа е идеален десерт, затоа што ги претставува сите наши омилени вкусови: какао, млеко, јагода и најновиот – какао и портокал. Тортина плус е парчето торта што си го помислувате, а кое можете да си го дозволите во секое време од денот. 

Македонскиот бренд Винчини пред 26 години го создаде овој совршено мек и сочен десерт со цел да ни ја направи тортата лесно достапна дури и кога немате роденденски повод или оправдување за да уживате во ваквиот тип на деликатес.

Доколку преферирате овошни вкусови, изберете Тортина плус со крем од јагода или најновото од Винчини – Тортина плус со вкус на портокал. Секако, доколку вашиот избор се млечните вкусови, изберете Тортина плус со млечен крем или какао крем. Сочниот фил на сите вкусови е меѓу две нежни и меки кори за торта кои заедно креираат неповторлив и примамлив вкус и текстура во устата.

На работа изненадете ги колегите со Тортина плус големо пакување со 10 поединиечни тортици, а на излет со пријателите понесете Тортина со вкус на портокал за да се опуштите и уживате во новиот вкус. Во брзите секојдневни движења или семејните прошетки низ парк имајте поединечно практично спакувано парче Тортина со вашиот омилен вкус во чантата.

tortina-sekoj-den-iako-ne-ti-e-rodenden-1.jpg

Би можело да ве интересира:

Девојче (6) од Скопје прослави роденден со 6-метарска реплика на куќата на Снежана и 7-те џуџиња (фо... „Одлуката за идејата и темата за роденденот, како и тортата е на Зои. Испадна во...
Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
По скандалот со фудбалерите, осуда и стихови за убавата Битола: „Неа да ја засакаш и во неа лудо да ... „Еднаш од сабајле да излезиш, кафе на тој сокак волшебен да испиеш, ќе те магепс...
Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...

Најчитани неделава