UM ги соопшти резултатите од Wave 9, глобалното истражување за навиките на корисниците на социјалните медиуми

Wave 9: Значењето на моментите го отсликува однесувањето на активните интернет корисници врз основа на 60 милијарди кликови и примерок од 52,000 испитаници ширум 78 земји во светот

um-gi-soopshti-rezultatite-od-wave-9-globalnoto-istrazuvanje-za-navikite-na-korisnicite-na-socijalnite-mediumi-01.jpg

Глобалната агенциска мрежа UM ги објави резултите од својата 9-та по ред годишна студија за навиките на корисниците на социјалните медиуми, Wave. Истражувањето покажа јасен тренд: вниманието на корисниците е сѐ пократко, поради што станува клучно за сите кои работат во огласувачката индустрија да ги разберат емоционалните потреби на своите потрошувачи во моментите од реалниот живот каде брендовите одеднаш стануваат релевантни. Во спротивно, брендовите нема да успеат да направат значајно поврзување со корисниците.

Покривајќи примерок од 52,000 испитаници од 78 земји низ светот, истражувањето Wave 9: Значењето на моментите се надоградува на десетгодишното следење на социјалните медиуми на светско ниво. Wave истражувањето започна во 2006 и денес е најголемата и најдолготрајната студија од овој тип. Оваа година истражувањето го претставува однесувањето на интернет корисниците врз основа на над 60 милијарди кликови. Wave 9 ги профилираше стотиците моменти во животите на луѓето кога брендовите ја имаат можноста да бидат релевантни, од семејни до професионални мигови, од секојдневни настани до специјални прилики. За секој од овие моменти, податоците истражуваат 20 емоционални состојби, обезбедувајќи неприкосновено широк и длабок увид за публиката, давајќи им на огласувачите моќни насоки за тоа како да ги креираат вистинските пораки и како да ги дистрибуираат преку вистинските канали.

„Социјалните медиуми и мобилните уреди се сеприсутни, што им овозможува на огласувачите безброј можности за интеракција со корисниците, но само значајните моменти ги поврзуваат брендовите со нивната публика на емоционално релевантен начин“, вели Глен Паркер, директор на агенцијата UM за истражување за Европа и Блискиот Исток и автор на истражувањето. „За да бидеме на вистинското место во вистинското време, треба да се вратиме на основите и да ги одговориме прашањата „КОЈ“, „КАКО“ и, најбитното, „ЗОШТО“. Wave 9 ни го овозможува баш тоа“.

Клучното сознание кое произлегува од студијата е дека денес очекувањата на корисниците за брендовите се повисоки од било кога. Овогодинешниот извештај вели дека 85% од корисниците на глобално ниво користат инстант пораки (instant messaging) за да комуницираат со семејството и пријателите, а за возврат очекуваат одговор веднаш. Ова чувство за итност им донесе успех на брендовите кои им овозможуваат на потрошувачите да „живеат“ во моментот, како Uber и Lyft, сервисите за достава на храна, инстантиот пристап до содржина што го даваат Netflix и Spotify, како и продуктите порачани од Amazon и AliExpress. Истражувајќи ги интеракциите кои потрошувачите сакаат да ги имаат со брендовите, Wave 9 покажува дека желбата за содржина која е вредна за споделување пораснала за 15% на глобално ниво, а желбата за пристап до најновите вести за производи паднала за 13%.

Wave 9 открива дека во земјите од Југоисточна Европа (Македонија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска и Србија) не сите шопинг моменти се исти, но дека чувствата и потребите на потрошувачите за време на купувањето на производите се разликуваат во зависност од контекстот. 

На пример, при истражување на нови производи на интернет потрошувачите имаат позитивни емоции, при што „заинтригираноста“ е најсилното чувство во Македонија (27% од потрошувачите), споредено со 35% во Бугарија, 29% во Босна и Херцеговина, и 20% во Хрватска. Во истиот шопинг момент 18% од потрошувачите во Македонија имаат најголема потреба да „научат нешто ново“, а во Србија 17%, во Бугарија 22% и 21% во Босна и Херцеговина.

При неделното пазарење, примарна емоција на потрошувачите во Босна и Херцеговина (24%) е „здодевност”, додека во Македонија (30%), Србија (27%), Хрватска (20%) и Бугарија (15%) примарното чувство на потрошувачите е „релаксираност” – што е сосема поинаква емоција која брендовите треба да ја искористат.

Нивната најголема потреба во тој момент е да „останат во тек“ (во Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина) или да се „разонодат“ (во Македонија и Бугарија). Овие потреби најдобро ги задоволуваат со помош на социјалните канали, кои скоро 60% од потрошувачите во регионот ги сметаат за најсоодветни медиуми за „разонода“ и „останување во тек“.

„Со созревањето на социјалните медиуми, кои ја завземаат централната позиција меѓу медиумите на денешницата, важно е брендовите да ги разберат вистинските моменти кога потрошувачите сакаат да бидат ангажирани“, изјави Билјана Колаковиќ, регионална директорка на агенцијата UM, и додаде: „Податоците добиени со помош на Wave 9 студијата, пружаат база која треба да биде поттик за креативноста при креирањето моменти кои се навистина важни за луѓето на социјалните медиуми, што ќе овозможи брендовите на нашите клиенти спонтано и успешно да ги вклучиме во животот на потрошувачите.‘’

“Wave е незаменлива алатка која ни овозможува да го разбереме однесувањето на македонските корисници на социјалните мрежи веќе 4 години и да откриеме што е тоа што ги прави специфични. Врз основа на податоците од истражувањето, создаваме комуникациски стратегии прилагодени на навиките и однесувањето на македонските потрошувачи“, изјави Роза Петровска, директорка на UM Скопје. Таа додаде дека „Секоја добра медиска агенција мора да знае како да направи брендот да биде забележан, да се зборува за него и да биде сакан, а Wave 9 студијата ни дава можност да го препознаеме вистинскиот момент во кој приказната за нашиот бренд ќе биде најсоодветно пренесена и препознаена“.

Сите резултати од глобалното истражување за земјите од југоисточна Европа: Македонија, Бугарија, Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина ќе бидат објавени во наредниот период.

Дополнителни информации во врска со истражувањето очекувајте на страната

Би можело да ве интересира:

Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Тоше победи на Беовизија, на телевизија гледавме „Наше маало“ – Настани во Македонија што се случија... Во 2003-та, односно пред 20 години, Македонија не се натпреваруваше на Евровизиј...
Браво! Детски хор од Хрватска ја пее „Мојата Македонија“ среде Загреб „'Мојата Македонија’ се пее со полн глас и во Хрватска. Голема благодарност до о...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Магија во Скопје - Шоу на олдтајмери со сијалички и празнични украси ги расположи посетителите од це... Автомобили украсени со сијалички, со големи машни, празнични подароци и интересн...
„Скриениот скапоцен камен на Европа“: Според британскиот „Mirror“, Македонија е топ дестинација за 2... „Кога е во прашање туристичката посета на Европа, лесно можете да паднете во сек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg