RED Cat одржа регионален семинар за професионалните фризери!

50-тина професионални фризери и техничари од Македонија деновиве присуствува на регионален едукативен семинар во Словенија - Сежана во организација на словенечкиот бренд за професионална нега на коса RED CAT.

red-cat-odrza-regionalen-seminar-za-profesionalnite-frizeri-1.jpg

Присутните имаа можност за да се запознаат со новata Red Cat колекција Shining Colors, кој со својот квалитет се повеќе се наметнува на европскиот пазар.

Присутните за време на семинарот ги тестираа новите фарби кои се карактеризираат со тоа што не содржат амонијак и се нанесуваат без хидроген, содржат силни пигменти, не го оштетуваат влакното на косата, а даваат полн сјај на косата и специфичен колорит.

red-cat-odrza-regionalen-seminar-za-profesionalnite-frizeri-3.jpg

RED CAT организираше и посета на јубилејниот 50-ти саем “Cosmoprof” за нега на коса кој се одржува традиционално во Болоња, Италија, и кој е еден од најголемите и најпрестижни саеми на светот во областа на модната козметика и фризерството.

Општ заклучок од обуката  беше дека секоја жена заслужува да има убава и негувана коса, која и ја зголемува атрактивноста и самодовербата. Дека треба да користат козметички препарати кои не само што ќе ја обојат косата во блескава нијанса, туку треба да овозможат и зацврстување на коренот и влакното. А токму RED CAT ги исполнува очекувањата на секоја дама. Фризурата добива неодолив волумен и сјај, а сето тоа е по поволна цена и исклучителен квалитет.

red-cat-odrza-regionalen-seminar-za-profesionalnite-frizeri-4.jpg

Колекцијата на RED CAT покрај новите фарби, се состои од производи за нега на коса, редовни фарби, шампони и балсами, кои се создадени од професионални технолози, искусни фризери, врз основа на нивните искуства со клиентите.

Производите на RED CAT се со посебни формули засновани на висококвалитетни состојки добиени од природни состојки кои делуваат против мастење и опаѓање на косата, а притоа  ја штитат внатрешната и надворешната структура на влакното.

red-cat-odrza-regionalen-seminar-za-profesionalnite-frizeri-5.jpg

Најчесто користени се фарбите, кои не го оштетуваат влакното на косата, се со “полна боја” и даваат убав и посакуван сјај на косата. Сите производи се дерматолошки тестирани и не содржат сулфати, формалдехиди и парабени.

Достапни се само во фризерските салони низ земјава.

red-cat-odrza-regionalen-seminar-za-profesionalnite-frizeri-2.jpg

red-cat-odrza-regionalen-seminar-za-profesionalnite-frizeri-6.jpg

red-cat-odrza-regionalen-seminar-za-profesionalnite-frizeri-7.jpg

red-cat-odrza-regionalen-seminar-za-profesionalnite-frizeri-8.jpg

Би можело да ве интересира:

Потег за почит! Девојка чија коса изгоре во пожарот во Кочани доби надградба од Зоки Давитков Потег кој ќе ви го стопи срцето! Мелиса, чија природна коса изгоре во пожарот во...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...
Калиопи во црнобели бикини - ретка фотка од плажа, ужива во сонцето пред новите проекти „За само еден ден, за само еден час“ - напиша поп-дивата на фотката од плажа, ци...
„Зоки Поки“ ја скрати долгата коса, ќе ја донира за перики за деца болни од рак: „Ја чував 4 години“ „Должината на плетенката што ја пресековме е 38cm. А кога отпосле се видов ...
Тамара ја изгуби косата во пожарот во Кочани: „Кога се вратив од болница изгледот ми беше променет, ... Тамара од Кочани, за CRNOBELO.com искрено вели: „По пожарот ја изгубив косата, и...

Најчитани неделава