Недоволниот број на контејнери главна причина за недоволното селектирање и рециклирање на отпад, покажа истражувањето на Пакомак

Пакомак-друштвото за управување со амбалажен отпад и годинава направи темелно истражување со цел да го испита пулсот на граѓаните во Македонија во однос на нивната свест кога е во прашање екологијата и селектирањето на амбалжниот отпад. Испитувањата и анкетите со 1000 испитаници од различни старосни групи, беа направени од страна на агенцијата „Квантум комуникации” и беа спроведени во февруари годинава опфаќајќи 7 градови и тоа: Скопје, Куманово, Битола, Струмица, Тетово, Штип и Охрид.

nedovolniot-broj-na-kontejneri-glavna-pricina-za-nedovolnoto-selektiranje-i-recikliranje-na-otpad-pokaza-istrazuvanjeto-na-pakomak-001.jpg

Истражувањето покажа дека граѓаните во поголемите градови во земјава имаат релативно висока свест и развиени навики за селетирање на отпад.  33,9% од нив, редовно или често селектираат барем еден вид на отпад. Но, сепак Битола и Скопје се двата града каде статистички повеќе граѓаните селектираат во споредба со другите истражувани места.

Според возраста, граѓаните на возраст над 30 години се оние кои селектираат најмногу, и тоа се најчесто родители на деца на возраст од 7-13 години, кои тоа го прават заедно со своите деца. Додека  младите од 18-30 години значително помалку го прават тоа. Ова може да се должи и на фактот што голем дел од нив се студенти, кои сè уште немаат развиено свест и навика, како и поради тоа што имаат помал квантитет на отпад во домот.

Сепак се чини дека главна причина за неселектирање е немањето доволно контејнери за селективно одложување на отпадот, покажува истражувањето. Ова го изјавиле дури 66% од анкетираните кои рекле дека поради тоа и не селектираат отпад. Немањето навика или свест е причина за само 11% од анкетираните, што упатува на заклучок дека обемот на селектирање и рециклирање може значително да се зголеми со бројот на кантите, односно достапноста. Оттаму, инвестициите во поголема достапност на канти, како и олеснувањето на самиот процес ќе донесе и зголемување на обемот на собраниот селектиран отпад.

Само 17% од анкетираните изјавиле дека во близина на својот дом имаат контејнери за селектиран отпад. Ова укажува на сериозен дефицит од вакви контејнери ако се земе предвид претходно утврденото високо ниво на свесност и мотивираност за селектирање и рециклирање.

А речиси 90% од граѓаните изјавиле дека доколку имаат вакви контејнери во близина на својот дом речиси сигурно би ги користеле.

nedovolniot-broj-na-kontejneri-glavna-pricina-za-nedovolnoto-selektiranje-i-recikliranje-na-otpad-pokaza-istrazuvanjeto-na-pakomak-2.png

Пакомак од своето основање до денес има реализирано бројни донации на полето на подобрување на соодветната комунална инфраструктира, со цел да се олесни процесот на селектирање на отпадот, но се потребни многу поголеми инвестиции, грижа и контрола за нејзината соодветна намена на постоечката инфраструктура од страна на надлежните институции и општини. Нашиот фокус е насочен и кон подигнување на свесноста и совеста кај граѓаните за важноста секој од нас да се грижи за отпадот кој го остава зад себе. Ваквата култура на живеење е еден од главните чекори за да можеме да кажеме дека се стремиме кон модерно и современо општество со здрави навики и еколошки однос кон природата. Овие истражувања ги практикуваме со цел да добиеме слика за тоа во колкава мера сме успеале во нашите замисли и напори и во која насока да продолжиме да делуваме”, изјави  - изјави Филип Ивановски, главен извршен директор на Пакомак.

Како за споредба во земјите на ЕУ кои имаат висока стапка на рециклирање на отпадот, има еден сет контејнери за селекција (жолт, син, зелен) на 200-500 жители, завсно дали е урбана или рурална средина. Тоа би значело дека во РМ требаат најмалку 4.000 локации за селекција или вкупно 12.000 контејнери за да може селективно да се одложува отпадот.

Пакомак е друштво за управување со амбалажен отпад и игра важна улога во општеството, грижејќи се за здравјето на луѓето и природата преку едукација и подигнување на свесноста за паметна организација на отпадот. Негова долгорочна стратегија е зголемување на инклузивноста и партиципацијата на граѓаните во овие процеси, а следствено на тоа и зголемување на обемот на селектираниот и рециклиран отпад.

Би можело да ве интересира:

Тоа што ќе правите денес, ќе ве следи цела година - Народни обичаи и верувања за Св. Игнат кај нас Сигурно сте слушнале за народното верување дека тоа што ќе го правите на 2 јануа...
Кирил Ангелов, жртва на педофил од Велес, ќе пешачи 111km за кревање на свеста за сексуалното злоста... „Организирам пешачење за подигнување на свеста за сексуално злоставување на деца...
Ана Марија (22) му кажа ДА на саканиот на брегот на Охридското Езеро: „Кога клекна, се здрвив, ме со... „Кога се свртев, зад мене беа моите сестри, сестрата и зетот на Даниел, старосва...
Апел од наш доктор: „Ве молам денар да не давате на 'просјаците' во Клинички центар во Скопје, цела ... „Најсиромашните што движат по Клинички Центар во Скопје, скромни стуткани луѓе с...
Сергеј Четковиќ се збогува од својот пријател Панчо: „Од прв ден те гледав како брат – како да те зн... „Знаеш, она кога луѓето се препознаваат на прва, како да ги знаеш цел живот. Тво...
Миа Костова: „Не се сликам цела на плажа - имам и целулит и стрии, далеку сум од згодна, но задоволн... „Тоа што не се сликам по плажи и не сликам нозе ви е доволен доказ за мојата нес...

Најчитани неделава