„Ендава“ на 17 мај организира прва Tech Flow конференција во Скопје

Tech Flow е серија технолошки настани организирани од „Ендава“, со цел да се донесат на едно место IT професионалци и експерти, да се предизвикаат традиционалните пристапи во работата, да се дискутира и развие поширока перспектива на најновите технолошки трендови, водени од лидерите во своите полиња.

endava-na-17-maj-organizira-prva-tech-flow-konferencija-vo-skopje.jpg

Гостите на првата Tech Flow конференција во земјава, Џорџе Ангелаке, Габриел Преда и Алин Грама и експерти од македонската канцеларија на компанијата „Ендава“ на 17 мај во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар во Скопје, ќе ги споделат своите искуства и знаења за агилниот софтверски развој со македонската ИТ заедница. Настанот насловен Agile Best Practices е со слободен влез и има за цел да ги собере ИТ професионалците, дипломците и ентузијастите од земјава и странство на една локација. Овој настан е поддржан од „Ендава“ и е дел од серијата интернационални Tech Flow настани.  

Џорџе  Ангелаке, меѓународен говорник и индустриски експерт, ќе говори за најдобрите практики на Agile delivery. Ќе зборува за проблемите при имплементација на овој начин на работа во големи организации, но и за начините да се корегираат проблемите во ваков тип на ситуации.

Ангелаке е страсен познавач на областа со широко искуство во консултација на големи клиенти на полето на дизајнот и ефективна имплементација на проекти кои се реализираат на повеќе оддалечени локации. Во неговата кариера има реализирано над 100 агилни имплементации низ консултација, обликување и водење на програми на агилна трансформација. 

Грама и Преда ќе имаат презентација на темата Agile Maturity Model. Тие ќе споделат како проценката на зрелоста на тимот и обликувањето на патот води кон оптимизиран агилен тим. Овој модел содржи аспекти од сите три клучни сфери опфатени во секоја агилна имплементација: процес, пат кон продукција и култура.

Габриел Преда е проект менаџер во Ендава кој играл разни Agile scrum улоги – член на тим, SM, Agile тренер и минувал низ неколку фази на трансформацијата на агилниот софтверски развој. Тој е Certified Scrum Мaster и член на локалната Endava Agile practice во Букурешт, а има и држено предавања на Политехничкиот универзитетот во Букурешт и Електро-инженерскиот факултет.

Алин Грама e проектен менаџер, Scrum master и софтвер инжинер со 9 годишно искуство во водење ко-лоцирани и дистрибуирани тимови кои развиваат комплексни апликации употребувани од големи брендови ширум светот.   

Дел од настанот ќе бидат и кратки разговори кои ќе бидат водени од локалните агилни експерти, а предвидено е и присутните да ги споделат своите гледишта и искуства.

Сите заинтересирани да присуствуваат може да најдат повеќе информации и да аплицираат на следниот линк.

Би можело да ве интересира:

Миа Костова: „Не се сликам цела на плажа - имам и целулит и стрии, далеку сум од згодна, но задоволн... „Тоа што не се сликам по плажи и не сликам нозе ви е доволен доказ за мојата нес...
„Цело време лежиш! Каква мајка си?!“ - Ведран (2), детето со маслинките, со ново хит видео Со сериозен израз на лицето, малиот Ведран од Скопје ја прашува мајка си: „...
Апел од наш доктор: „Ве молам денар да не давате на 'просјаците' во Клинички центар во Скопје, цела ... „Најсиромашните што движат по Клинички Центар во Скопје, скромни стуткани луѓе с...
Бебе родено во Скопје со 1.100g и срцева мана, по 50 дена си оди дома со 2.100g - Го оперирал д-р Ча... „По 50 дена континуирана борба, денес ова бебе се испишува во одлична општа...
Ана Марија (22) му кажа ДА на саканиот на брегот на Охридското Езеро: „Кога клекна, се здрвив, ме со... „Кога се свртев, зад мене беа моите сестри, сестрата и зетот на Даниел, старосва...
Дечко од Скопје: „Во Охрид 2 големи пици, пиво и винце платив 1.170 денари, до езерото среде сезона ... „И годинава традиционално се фрла отров по Охрид, нормално, се изначитавме безбр...

Најчитани неделава