Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Повеќе од 50.000 потрошувачи ги користат поволностите на Веро картичката за лојалност

Над 50.000 потрошувачи станале сопственици на Веро картичка за лојалност во изминатите шест месеци, со која добиваат бројни попусти и пониски сметки во маркетите на Веро. Од воведувањето на програмата за лојалност пред половина година, како подарок од Веро за редовните потрошувачи, илјадници купувачи во Веро маркетите секојдневно ги користат поволностите што ги нудат овие картички.   

povekje-od-50-000-potroshuvaci-gi-koristat-povolnostite-na-vero-kartickata-za-lojalnost-01.jpg

Со секој купен производ во Веро маркетите, на картичката се впишуваат поени. Но, во маркетите постојано има производи на промоција со кои се добиваат и дополнителни поени кои исто така се впишуваат на Веро картичката. Со секои собрани 1.000 поени, од крајната сметка автоматски се одбиваат 100 денари.

Аплицирањето за Веро картичката се врши на три начини. Потрошувачите може да аплицираат онлајн преку интернет страницата www.vero.com.mk , преку мобилната апликација Vero app или директно со пополнување формулар на главната каса во кој било Веро маркет.

- Веро картичката е подарок за нашите лојални потрошувачи кои преку неа добиваат ексклузивни понуди и поволности, но и пониски сметки. Создадовме програма за лојалност преку која потрошувачите многу брзо го добиваат попустот на нивните сметки имајќи предвид дека сите производи во Веро маркетите се вклучени во програмата, а со бонус поените редовно се опфатени производи од сите категории. Нашиот тим постојано ги следи желбите и потребите на купувачите и според нив креираме различни акции и понуди. Целиот труд резултира со илјадници задоволни потрошувачи во Веро маркетите – велат од маркетинг тимот на Веро.

povekje-od-50-000-potroshuvaci-gi-koristat-povolnostite-na-vero-kartickata-za-lojalnost-2.jpg

Секој регистриран потрошувач добива една главна картичка и уште две дополнителни наменети за членовите на неговото семејство. При плаќањето на сметките направени во кој било маркет на „Веро“, поените од трите картички се собираат на една заедничка сметка и може да се искористат за намената за која се одлучил сопственикот на картичката. Потрошувачите кои што се регистрирале онлајн поените ги собираат на својот мобилен телефон, но постои опција да добијат и картичка доколку тоа го наведат во онлајн апликацијата.

Потрошувачите кои ќе пополнат апликација за програмата за лојалност во некој од маркетите на Веро, картичките ќе ги добијат веднаш. Тие што ќе аплицираат по електронски пат, доколку во апликацијата наведат дека сакаат да имаат и картичка, службите на Веро им ја испратат на домашна адреса.

povekje-od-50-000-potroshuvaci-gi-koristat-povolnostite-na-vero-kartickata-za-lojalnost-3.jpg

Би можело да ве интересира:

Иван Јованов за првата година со ќеркичката: „Секое слободно време го поминувам со Ниа, направивме т... „Најзабавна случка ни е кога Ниа беше новороденче и кога ѝ падна папочната врвца...
Славчо Попоски, метеоролог: „Снежен бран во Македонија – врнежи од снег и на пониските места“ „Од сабота, а особено во почетокот на следната седмица, врнежи од снег ќе има во...
Адријан Гаџа ја истражува Црна Гора со мотоцикл – национален парк, неверојатни пејзажи Возењето мотоцикл му е хоби и најголема страст, а периодов како дестинација ја и...
Елена Ристеска за најголемата траума во детството: „Ќе ме киднапираа маж и жена, полицијата ги фати ... „Ми пријдоа маж и жена на околу 30 години и почнаа да ми зборуваат: ‘Еј, ка...
Александар Динев за булингот: „Дури и во живо се случува да бидам нападнат“ „На страна тоа што онлајн добивам безброј негативни коментари и во живо се случу...
Антониа Гиговска испровоцира со изјава за изневерувањето: „На мажите тоа им е како ‘добро утро’“ „Ако не ме гушнеш, допреш, бациш, забораваш да го правиш тоа зашто имаш поважни ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg