Прва мобилна апликација за осигурување на македонскиот пазар

Скопје, 18 мај 2017 г. – Денес, осигурителната компанија Еуролинк осигурување ја пушти во употреба првата мобилна апликација за осигурување, со која на своите клиенти им овозможува брзо и лесно купување и плаќање полиси, пријавување евентуални штети, информации за услугите и понудите и кога се во движење. На тој начин компанијата, преку својата мобилна апликација „Eurolink Osiguruvanje“, ја олеснува интеракцијата со своите клиенти и ја унапредува достапноста на своите производи и услуги. Апликацијата е достапна бесплатно за сите корисници на Андроид или iOS оперативните системи.

prva-mobilna-aplikacija-za-osiguruvanje-na-makedonskiot-pazar-01.jpg

Апликацијата е прва од ваков тип на македонскиот пазар, а со неа корисниците ќе можат да  користат голем број услуги од удобноста на својот дом, или, пак, во движење, каде и да се наоѓаат во моментот.

„Иднината и развојот ќе им припаднат на оние кои ќе овозможат најлесно достапни продукти прилагодени на брзиот и динамичен животен стил. Со оваа услуга потврдуваме дека сме насочени кон континуирани иновации со цел задоволување на сите потреби за осигурување на нашите клиенти, воедно штедејќи го нивното време.  Мобилната апликација, со голема едноставност, нуди комплетна услуга за нашите клиенти, со што ќе го подобри нивното корисничко искуство“, изјави Марија Томеска, претседател на Управниот одбор на Еуролинк Осигурување.

Преку апликацијата едноставно и брзо може да се купат полиси за патничко осигурување и станбено осигурување Доми комплет со 10% попуст, корисниците може да пријават штета. Исто така, клиентите може да добијат комплетен увид во своите полиси, во статусот на пријавени штети и лесно и безбедно да извршат плаќање на фактурите и на доспеаните рати, како и да добијат информации за услугите, промоциите и активностите на компанијата.

Инаку мобилната апликација „Eurolink Osiguruvanje“ е веќе достапна за симнување од Google Play и App Store без никаков надомест.

Корисниците на Андроид оперативниот систем може да ја преземат апликацијата од овој линк

Корисниците на iOS може да ја преземат апликацијата од овој линк

prva-mobilna-aplikacija-za-osiguruvanje-na-makedonskiot-pazar-1.jpg

Би можело да ве интересира:

Годишен хороскоп за 2026: Лав 2026 година за Лавовите носи динамика, важни пресврти и силни лекции на љубовен,...
Ивона Јо за татко ѝ кој ненадејно почина пред 7 месеци: „Со присуството Божјо многу полесно го помин... „Од мај лани интензивно се посветив на верата и почнав да гледам со други очи на...
Марјан Атанасов, наш астролог: „Многу често почнав да се соочувам со клиенти кои имаат рак“ „Ќе ми кажат исплашено „Имам рак“ и никогаш не го сфаќам тоа како дијагноза. Го ...
„Не беше лесно, но вреди“ - Миро Кацаров ужива дома со синот кој наполни 6 месеци и ќерката на сопру... „Не беше секогаш лесно, но секој момент вредеше за оваа љубов“, напишаа Ивана и ...
Од 15 јуни на лентите означени со MTAG нема да може да се поминува со MCARD Важно известување до корисниците на наплатните станици. Јавното претпријати...
Камионџијата Андруш на тема брак: „Уф, фала ти, скраја било, за што ќе ми е - за да умрам побрзо?“ „Зошто, што ми фали сам, си ‘рчам на раат... Што ќе ѝ ‘рчам на некоја госпожа, п...

Најчитани неделава