Магичниот ресторан Бакал!

Ресторанот Бакал и досега важеше за магично место со навистина посебен амбиент. Угостителски објект со прекрасна градина, каде се внимава на најмалите детали каде се мора да биде совршено и проверено. Но, сега со најновите инвестиции во проширување на објектот, во нова софистицирана опрема за чување и подготовка на храната, како и со разубавувањето на градината, дефинитивно е место од соништата за сите гурмани и хедонисти. Место кое обединува фантазија, гостопримство и оригинални јадења, т.н. угостителско свето тројство! Не е случајно што пред една година беше и номиниран за 50-те најдобри ресторани во светот, според исклучителноста на угостителските услуги, уникатниот амбиент и специфичната приказна која ја креира. А познатата социјална мрежа TripAdvisor го рангира како број 1 ресторан во Македонија и го препорачува на посетителите.

magicniot-restoran-bakal-01

Реновираниот ресторан Бакал нуди максимална интимност, вонвременско уживање за долго помнење. Идеално се споени новото со традиционалните корени и македонската традиција, истакнувајќи го чувството на фамилијарна топлина и љубезност.

“Формулата за успех, е непрекината работа и страст, како и посветување внимание на секој детал. На вложување максимален напор во секој аспект од ресторанот,  следење на рецензиите за ресторанот и комуникација со клиентите со цел да се информираат и да ги решат потенцијалните лоши искуства”, вели неговиот менаџер Мики Симјановски.

magicniot-restoran-bakal-3

Обновената градина е нешто посебно. Фотинии, липи, јапонски јавор, и други цвеќиња и декоративни растенија од кои некои и за првпат ќе ги видите на ова место создаваат уникатен впечаток и волшебно чувство, како да се наоѓате во ботаничка јапонска градина. Амбиентот е надополнет со вештачко езерце со прекрасни риби, кое дава посебен спокој. Од сите страни се простира зеленило и хармонија од бои кои максимално опуштаат. Бакал е вистинското место за уживање, за неколку часовно хедонистичко искуство, кое долго останува во срцето и сеќавањата.

magicniot-restoran-bakal-4

Во „Бакал“ секој ден на мени има свежо печено јагне, јаре, прасе, свежа риба како дел од традиционалните македонски јадења, како и интернационална храна, како подгорче, капама, ѓомлек, но и foie gras, magre, t bone steak, tatar beef и многу повеќе, за секого по нешто. Специјално за потребите на ресторанот се одгледува органски зеленчук, домашно младо козјо сирење, а една од содржините на угостителскиот објект е и домашната пекара, каде се произведува домашен леб и бели пецива. Се прави р’жан леб од ржано брашно, мелено на камен, каде 90 % од лебот го содржи тоа брашно без никакви бои и адитиви, како и пченкарен леб исто така од пченка мелена на камен, а и неколку лебови по француска рецептура.

Без разлика дали се работи за бизнис ручек, дружење со пријателите или романтична вечера со партнерот,  Во преубавата атмосфера во Бакал секој состанок се претвора во позитивно искуство и исклучително доживување.

magicniot-restoran-bakal-5

Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...

Најчитани неделава