Македонските хип хоп танчери светски вице-шампиони

Второ, петто и шесто место за танчерското студио Beatrix Crew на Светското првенство во модерни танци.

makedonskite-hip-hip-tanceri-svetski-vice-shampioni-01.jpg

Танцовото студио Beatrix Crew од Скопје на Светското првенство во модерни танци кое се одржа во Хрватска минатата недела освои 3 награди во категоорија Urban Dance Styles со што го постигна најдобиорт пласман на Македонија до сега.

Beatrix Crew во Пореч се претставија со три хип хоп точки од кои сите успеа да се пласираат во финалето на ова првенство и да добијат одличен пласман во категорија Urban Dance Styles, формација А-лига:

вице-шампионско второ место со возрасната група Evoke во конкуренција од 47 групи, петто место од 40 пријавени со возрасната група Colors како и шесто место во истата категорија со јуниорската група Yung Trixtz. Групата Colors освои и специјална награда доделена од самата федерација ESDU за најдобра кореографија во категоријата Urban Dance Styles.  

makedonskite-hip-hip-tanceri-svetski-vice-shampioni-02.jpg

Судии на овој натпревар беа реномираните светски кореографи како: EZ Twins (СЛО), Матиц Задравец (SLO), Jose De La Cruz (САД), Жељко Божиќ (СЛО), Matt Padilla (PHL), AC Lalata (PHL), Dylan Mayoral;

Dance Star – Global Dance Competitions има натпреваруачки карактер во кој учествуваат над 55 земји и повеќе од 50.000 танчери.

makedonskite-hip-hip-tanceri-svetski-vice-shampioni-03.jpg

Покрај натпреварот, оваа година по повод 10 годишнината од одржувањето на Dance Star – Global Dance Competition, ESDU на изненадување на сите учесници сними видео запис во кој учествуваа најдобрите танчери на Dance Star натпреварот.

Како резултат на одличните танчерски способности и впечатокот кој го оставија кај организаторите и судиите на овој глобален натпревар, танчерите од студиото Beatrix Crew беа одбрани да учествуваат во видео проектот, со кореографија на Матиц Задравец.

Успешната работа на Beatrix продолжува и дома, па така танцовото студио неодамна оствари соработка со Vip. Beatrix Crew е дел од новaта рекламна кампања за Vip Припејд на која и даваат посебна енергија со својата оригинална и впечатлива кореографија.

makedonskite-hip-hip-tanceri-svetski-vice-shampioni-04.jpg

makedonskite-hip-hip-tanceri-svetski-vice-shampioni-05.jpg

makedonskite-hip-hip-tanceri-svetski-vice-shampioni-06.jpg

makedonskite-hip-hip-tanceri-svetski-vice-shampioni-07.jpg

Би можело да ве интересира:

Јован Јованов за музичките почетоци: „Со Магија одевме на часови по танцување, Врчак го запознав на ... „Отсекогаш сум сакал да имам група, не да настапувам сам. Сите мои другари праве...
Се породи сопругата на дечкото со картони Бомбакис - доби второ дете, по борбата со ракот Кристијан Станковски - Бомбакис, или Бомба, за себе вели дека се занимава со мно...
Се омажи Анета Љумаковска со саканиот Рубин - Втор брак за пејачката Анета 22 години беше во брак со музичарот Џими Мицевски, со кого настапуваше зае...
Александра Шијакоска и сопругот Едмонд очекуваат второ дете: „Моето срце никогаш не било пополно“ „Благодарни за сè што имаме, со најсилна вера во се што доаѓа, одиме напред, пос...
Горди сме! Македонецот Мајкл Дамески „растури“ со кореографија на концерт на Лејди Гага (видео) „Кога Лејди Гага ќе ми се јави, подготвен сум“ – напиша Мајкл Дамески на видеото...
На 32 години почина бизнисменот Душко Чифлиганец, пријателите се простуваат: „Патувај со ангелите з... Откако во јавноста се прошири веста дека загинал бизнисменот Душко Чифлиганец, п...

Најчитани неделава