Се породи сопругата на дечкото со картони Бомбакис - доби второ дете, по борбата со ракот
- Детали
- сабота, 06 септември 2025

Кристијан Станковски - Бомбакис, или Бомба, за себе вели дека се занимава со многу работи и не може да најде адекватен збор за да опише што е по професија, но за македонската јавност е најпознат како „дечкото со картоните“ кој секогаш знае да ви го разубави денот или да ве замисли со неговите пораки.
На својот Инстаграм профил тој откри дека со сопругата Вики добиле уште една ќерка. Бомбакис позираше со картон со ќеркичката Бисера и откри дека неговата втора ќерка ќе се вика Јована.
По борбата со ракот на крајот од 20-тите години, сега во 30-тите тој ги живее најубавите мигови.

Во описот напиша:
„Богатство не се пари, богатство е ова.
Жена ми е херојот што ми го подари најубавото нешто во животот.
Бисера ме научи што значи да си татко, а Јована го направи светот уште посветол.
Благодарен сум на Господ за моето семејство, мојата сила, мојата љубов, мојот свет“.
С. С. | Црнобело