„Една година без рак“ – Бомбакис (29) од Скопје, познат по написите на картон, со емотивна исповед и моќна порака

29-годишниот Кристијан Станковски од Аеродром отворено проговори за борбата со ракот и во негов стил со напис на картон прослави 1 година без рак. Браво за храбриот потег и моќната порака!

edna-godina-bez-rak-bombakis-dechkoto-so-napisi-na-karton-so-emotivna-ispoved-i-mokjna-poraka-01.jpg

Поинаков, уникатен и забавен... Кристијан Станковски за кусо време стана вирален хит со своите забавни написи на картон и на неговиот Инстаграм профил @Bombakis веќе има над 19.000 следбеници.

Но, денес тој ја испрати најмоќната порака на картон досега. Тој се отвори за борбата со ракот и откри дека слави една година без рак.

Секоја чест за храброста и моќната порака:

„Овој картон не е ставен за да ме жалите... Напротив! Овој картон ми е од најголемо значење до сега! Да не губите надеж никогаш... Затоа само сакам да ви пренесам позитивната енергија, која ви е потребна во секој момент.

Не е потребно да се замарате или да сте под стрес за банални работи. Многу е ужасно лошо да не посветите време за вашите најблиски. (А тоа го правиме сите)

Животот е многу краток, денес сте тука утре ве нема... Тенка е линијата помеѓу животот и смртта. И на крајот од денот, зошто да се нервирате или дозволите некој негативно да влијае врз вас???

Не треба да чекате нешто да ви се случи, за да гледате поинаку на животот! Не биди негативен, шири позитива!!! На тој начин ќе почнете да живеете... Само здравје!“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Таско (29) за борбата со алкохолот: „Чист сум 8 месеци, си признав дека имам проблем и ги фрлив шиши... „Пиев 15 години. Секој втор ден, алкохолот ми беше сè - утеха, бегство, изговор....
Антониа Гиговска во ауфит со градник од тантела и чорапи над колена ги критикува колегите за промоци... Антониа откри дека нејзиниот албум ја чинел колку еден мал стан, односно повеќе ...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Браво! Брачен пар спасува улични кучиња од Скопје и ги носи кај нив во САД за да ги вдомат „Сакаме да спасуваме кучиња од улица и веќе 9 години го правиме тоа од срце, без...
Јасна од Скопје со позитива на денот: „На најомразениот семафор што душа ми вади, добив порака што м... „Тргам од парк кон Водно, со планиран стрес поради лошо регулираните семафори, н...
„Ти си ми сè во животот“ - Елена Најдоски прослави трета годишнина од брак со саканиот Бојан во лукс... „Среќна годишнина, љубов моја! Ти си ми сè животот - љубов, потпора, најдобар пр...

Најчитани неделава