Горди сме! Македонецот Мајкл Дамески „растури“ со кореографија на концерт на Лејди Гага (видео)
- Детали
- четврток, 31 јули 2025
„Кога Лејди Гага ќе ми се јави, подготвен сум“ – напиша Мајкл Дамески на видеото на кое остава без зборови со своите движења и кореографија на песната Abracadabra на концертот на Гага. Светски, а наш - за талентот на Мајкл дефинитивно ќе се зборува уште многу.

Мајкл Дамески е австралиски танчар со потекло од Македонија – роден е во Сиднеј, а неговите родители потекнуваат од Прилеп.
Тој е извонреден во својата работа, а уште од 6-годишна возраст ја започнал танцувачката кариера, кога се пријавил во австралиско шоу за танцување.
Во 2018-та ја воодушеви Џеј Ло со својот танц на World of Dance, каде освои второ место, а таа за него упати многу пофални зборови кои го вивнаа во височините.
Прочитајте повеќе: Македонецот што ја воодушеви Џеј Ло: „Не освоив 1 милион долари, но освоив 1 милион срца“
Уште тогаш му се предвидуваше блескава кариера, а сега во светот на танцот се зборува на големо за него.
Во февруари 2025 тој ја доби главната машка улога во спотот на Лејди Гага за песната Abracadabra и напиша: „Кога сонот ќе стане реалност“.
За време на подготовките на спотот, Лејди Гага објави видео од зад сцената како танцува со него и напиша:
„Зад сцените на АBRACADABRА со прекрасниот Мајкл Дамески. Вежбав со недели за ова видео. Очекувајте уште...“
Соништата изгледа како да допрва ќе му се остваруваат, а тоа беше само почеток.
Сега, нашиот уметник кој танцува како да лебди, е дел од турнејата на Лејди Гага, а остава без зборови на концертите со своите кореографии и танцувачки способности со кои ги воодушевува сите.
На Инстаграм тој објави кратко видео од неговиот перформанс на последниот концерт, на песната Abracadabra и буквално растури со своите движења.
„Кога Лејди Гага ќе ми се јави, подготвен сум“ - напиша во описот на објавата.
Кликнете на видеото за да го погледнете:
Во коментари добива пофалби од фанови, кои освен што се восхитуваат на Гага, едвај чекаат да го видат и него на нејзините настапи.
„Ги бројам деновите додека да го видам ова во живо“.
„Ти си прекрасниот хаос кој ја надополнува Гага на сцена“.
„Не можев да престанам да викам по Гага и тебе на концертот – ако слушна Мајкл те сакаме, тоа бев јас“.
Погледнете повеќе видеа од танцувањето на Мајкл:
М. М. | Црнобело