Наградната игра на Скопско на семејството Хаџиски му донесе VW California Beach RV

Со новото возило планирам да го живеам сонот од младоста

nagradnata-igra-na-skopsko-na-semejstvoto-hadziski-mu-donese-vw-california-beach-rv-01.jpg

Благој Хаџиски од Неготино е среќен добитник на VW California Beach RV во големата наградна игра на СКОПСКО. Го прашавме како тој и семејството ја примија веста за наградата, а тој радосно ни одговори:

“Целото семејство се радува, сите уште не “држи“ возбуда. Животот е чудо! Со сопругата живееме во семејната куќа во Неготино, а изградив и викендица во Пехчево, сам со свои раце, без помош од мајстори. Сега со комбето за кампување, ќе имаме и една подвижна куќа и ќе уживаме сите!

Како млад студирав во Белград, носев долга коса и мустаќи, тогаш хипиците беа во мода... Многу сакав да патувам со сопругата... Сега сум пензионер, имам 70 години и треба да си ја обновам возачката дозвола, па ќе го живеам сонот од младоста.“

Колку кодови од капачиња испративте? Дали можете да се сетите кога и каде бевте кога го испративте добитниот код?

Испративме многу пораки, целото семејство учествуваше во наградната игра. Но само јас, од мојот мобилен испратив 29 пораки. Уште вториот ден, откако започна наградната игра, добивме пакет СКОПСКО и си реков: Мора да ме прати некоја среќа периодов! Ќе играм за главаната награда! Мислам дека добитниот код го испратив кога си допив едно пиво позади во двор, под една сенка што си седам лете кога е топло.

nagradnata-igra-na-skopsko-na-semejstvoto-hadziski-mu-donese-vw-california-beach-rv-02.jpg

Каде ќе отпатувате со вашето VW California Beach? Која ќе биде првата дестинација?

Се договоривме дека ќе одиме сите заедно, со децата и внуците на некое патување. Јас и сопругата никогаш не сме биле на грчкото море, па таму ќе одиме летово со внуците, а синот ќе вози! Инаку си планираме и други патувања и секој си ги кажува своите желби. Нашава земја има преубави места, сакам да го посетиме Осоговоскиот Манастир. Иако сум од Источна Македонија, никогаш не сум имал прилика да ги посетам планинските манастири од овој крај.

Пивара Скопје им честита на Хаџиски и им посакувамногу среќни патувања со новото семејно возило.

Би можело да ве интересира:

Сопругата на Андреј од ДНК објави емотивен спомен од него со ќеркичката - тој вели: „Мавни ѝ со рака... Наталија на Инстаграм Стори прво сподели емотивно видео со инсерти од кобната но...
Сопругата на Дејан Манасков со бебето, Елена Велевска ѝ прослави 18-ти роденден на ќерката: Што прав... Сани Богдановска ужива со 6-те миленици дома во опуштено издание, Ивана Кнез отк...
Сопругата на Андреј ДНК со болно сеќавање: „Не сакав да влезам да го препознаам, им кажав не знам да... „Ги замолив да не ме форсираат... Препознавањето го изврши најдобриот другар на ...
Сопругата на Даниел Кајмакоски: „Никогаш не сме дочекале Нова година заедно, но на сите им посакувам... Даниел Кајмакоски и сопругата Марина објавија празнични фотки од нивниот дом, ка...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...

Најчитани неделава