Алпско млеко и ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“ во мисија за добро здравје на идните ракометари

alpsko-mleko-i-rakometniot-kamp-kiril-lazarov-7-vo-misija-za-dobro-zdravje-na-idnite-rakometari-01.jpg

Неодамна заврши третиот по ред ракометен камп „Кирил Лазаров 7“ кој оваа година ги надмина очекувањата и на организаторите, но и на учесниците во поглед на посетеноста, желбата за практикувањена овој спорт, но и во поглед на меѓусебната хармонија меѓу најмладите и нивните тренери.

Над 300 деца од 8 до 18 години вљубеници во ракометот, се дружеа и спортуваа со врвни ракометни имиња кои гопренесуваа своето искуство и знаење со цел да ги „контаминираат“ најмладите со најпопуларниот спорт вонашата земја.

Голем број спонзори, поддржувачи и партнери, меѓу кои и Алпско млеко ја препознаа вредноста на овој квалитетен проект во кој децата имаа можност да го развиваат тимскиот дух, спортската култура и дакреирааат навики за спортски живот.

Во таа смисла мисијата на Алпско млеко беше да ги едуцира и да ги охрабри децата што сакаат да се занимаваат со овој спорт да посегнуваат по здрави продукти и да креираат позитивни прехрамбени навики, што подоцна во животот ќе им обезбедат добро општо здравје, висок енергетски биланс, но и препорачана телесна тежина.

Квалитетните продукти во хармонија со природата се клуч за здрав појадок, а млекото и млечните производи се најважни претставници на таа моќна дружина.

Нутритивно, се работи за намирницисо импресивен состав, што се издвојуваат по своите протеини и се значаен извор на калциумнеопходен за здравјето на коските, кое е особено важно за спортски ангажирани поединци.

Тимот на Алпско млеко организираше и игри на отворено за поттикнување на соработка меѓу децата,стимулирајќи социјална интеракција и поттикнувајќи позитивни меѓусебни чувства.

Охридското крајбрежје каде што беше одржан ракометниот камп, беше вистински благодет за децата, а игрите прераснаа во радост, задоволство и восхит, претставувајќи извонредна можност за изразување на сиот потенцијал што го носат децата.

Погледнете дел од атмосферата и воодушевувањето на присутните.

alpsko-mleko-i-rakometniot-kamp-kiril-lazarov-7-vo-misija-za-dobro-zdravje-na-idnite-rakometari-02.jpg

alpsko-mleko-i-rakometniot-kamp-kiril-lazarov-7-vo-misija-za-dobro-zdravje-na-idnite-rakometari-05.jpg

alpsko-mleko-i-rakometniot-kamp-kiril-lazarov-7-vo-misija-za-dobro-zdravje-na-idnite-rakometari-06.jpg

alpsko-mleko-i-rakometniot-kamp-kiril-lazarov-7-vo-misija-za-dobro-zdravje-na-idnite-rakometari-07.jpg

Би можело да ве интересира:

Позитива на денот! Македонка ги наслика Андреј, Тоше и Панчо: „Тие не се дел од минатото - тие се ве... „Оваа слика е мој начин да ви се поклонам. Не со зборови, туку со молитва во бој...
Астрологот Зоран Крстевски: „Станав самохран татко кога децата имаа 3 и 6 години, се видов во наталн... „Кога седнавме да ѝ ја направам наталната карта, се видов себеси во неа. Анализи...
Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли... „Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...
Лила и Биг Мама го истражуваат Бразил - Непријатна случка во Сао Паоло, се будат со поглед на Копака... Во Сао Паоло Лила доживеа и мала непријатност - додека преминуваше улица, Биг Ма...
Каролина пие кафе од навика, Васил Гарванлиев се буди со дупло еспресо во 5 - Кафе-ритуали на познат... „Најубавото макијато дефинитивно го пијам во ателјето во Тетово, направено од ко...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...

Најчитани неделава