Македонски Телеком наградува двесте корисници со бесплатни летови за двајца

makedonski-telekom-nagraduva-dveste-korisnici-so-besplatni-letovi-za-dvajca-001.jpg

  • Двесте среќни корисници на Македонски Телеком ќе добијат ваучери за двајца за патување со авион преку авио-операторот Wizz Air. Секој ваучер е со вредност од по 100 евра
  • Право на учество во наградната игра имаат сите корисници на Smart или Business постпејд понудата, која промотивно вклучува 500 МВ интернет и 500 минути роаминг

Новата наградна игра во организација на Македонски Телеком на корисниците им нуди одлични можности за нови летни авантури.

Во рамки на наградната игра, која започнува денеска, 10 јули, и ќе трае цели два месеца, односно, до 10 септември, компанијата на среќни двесте нови или постојни корисници на тарифните модели Smart, Magenta 1, Business и  Magenta 1 Business ќе им додели по два ваучера за патување со авион на дестинација по избор од понудата на Wizz Air. Секој ваучер е во вредност од 100 евра.

Конкретно, потенцијални добитници на два ваучера стануваат корисниците кои ќе склучат нов претплатнички договор или ќе го обноват договорот за лојалност за тарифните модели Smart, Magenta 1, Business и  Magenta 1 Business во периодот од 10.07.2017 година до 10.09.2017 година. Постојните корисници на овие тарифни модели кои веќе имаат валиден договор можат да се вклучат во играта со едноставно јавување на телефонскиот број 149 888.

Првото извлекување на добитниците ќе се одржи на 11 август, во седиштето на Македонски Телеком, а второто на 12 септември, на истото место, при што секој добитник ќе освои по два вредносни ваучери.  

Инаку, новите корисници на Smart, Magenta 1, Business и  Magenta 1 Business со најновата роаминг промоција која ќе трае до 21 септември, добиваат 500 MB интернет и 500 минути разговори вклучени во роаминг, без дополнителен надомест. 

Македонски Телеком им посакува многу среќа на сите корисници кои ќе си ја испробаат среќата, а на добитниците пријатен лет!

Сите детали за наградната игра на www.telekom.mk.

Би можело да ве интересира:

Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Македонски психолог за маките на клиентите кои се отселиле од Македонија: „Им недостигаат луѓе, глас... „Овој пост е инспириран од моите клиенти кои повеќе не живеат во Македонија. Сел...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...

Најчитани неделава