Макпрогрес овозможи летување во Струга за деца со посебни потреби

На почетокот на месец јуни 2017 година, Макпрогрес Виница, во соработка Црвениот крст на РМ објави дека започнува низа активности за имплементацијата на различни проекти наменети за поддршка на децата и младите со посебни потреби.

makprogres-ovozmozi-letuvanje-vo-struga-za-deca-so-posebni-potrebi-1.jpg

Во рамки на проектот "Подобрување на социјализација на деца и млади со посебни потреби" организиран од Црвениот крст, а поддржан од Макпогрес во периодот од 10-ти до 14-ти јули организирано е бесплатно летување за децата со посебни од дневните центри вклучени во проектот.

Летувањето е во центарот "Солферино" во Струга, а во моментов сместени се 13 деца од Дневните центри во Виница, Штип и Куманово заедно со  волонтери и вработени од дневните центри.

Покрај летувањето на децата ќе им биде овозможено во текот на одморот корисно да ги поминат деновите преку меѓусебно дружење, организирани рекреативни и креативни активности.

makprogres-ovozmozi-letuvanje-vo-struga-za-deca-so-posebni-potrebi-2.jpg

Целта  на овие активности е подобрување на социјализацијата на децата и младите со посебни потреби, и нивно подобро прифаќање во средината преку креативни работилници, хуманитарни изложби, спорт и рекреација, како и психолошка поддршка и едукација за децата и родителите и лицата што се грижат за нив. Во имплементација на активностите вклучени се и вработени на Макпрогрес, како социјално одговорни волонтери, вработените од  дневните центри во наведените општини и родители на децата.

Макпрогрес оваа донација ја обезбедува како дел од остварениот приход од продажба на својот најпродаван производ на македонскиот пазар, Тортина од Винчини. Макпрогрес практикува општественото одговорно однесување, како неделив дел од своето бизнис постоење. Со поддршката на овој проект, компанијата го потврдува континуитетот во напорите за развој и благосостојба на луѓето во заедницата.

makprogres-ovozmozi-letuvanje-vo-struga-za-deca-so-posebni-potrebi-3.jpg

Би можело да ве интересира:

„Заедно сме од деца“ - Олгица Тодорова (24) oд Кочани имаше магично запросување на Лефкада од сакани... „Нашата љубовна приказна трае речиси една деценија. Заедно сме уште од деца и ни...
7 идеи каде и како активно да ги поминете зимските викенди со децата, во околина на Скопје Забавувајте се во рекреативниот центар на отворено на Козјак, качете се со жични...
Астрологот Зоран Крстевски: „Станав самохран татко кога децата имаа 3 и 6 години, се видов во наталн... „Кога седнавме да ѝ ја направам наталната карта, се видов себеси во неа. Анализи...
Позира во бикини, ужива со децата – Тамара на снежна идила на Копаоник, од каде објави вирално видео... Вежба во теретана дури и на одмор, позира во бикини на ноќно капење во надвореше...
Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...

Најчитани неделава