Пивара Скопје и компанијата Coca-Cola отворија Активна зона во Штип

17.7.2017 година Штип – Вчера во Штип беше отворена „Coca-Cola Активна зона“, донација од Пивара Скопје и од компанијата Coca-Cola, со што, всушност, започна вториот циклус од долгорочниот проект на Пивара Скопје и компанијата Coca-Cola за донација на активни зони ширум земјава. Во рамките на овој проект, минатата година беа отворени пет, а годинава е предвидено отворање на уште пет рекреативно-спортски зони.

pivara-skopje-i-kompanijata-coca-cola-otvorija-aktivna-zona-vo-stip-01.jpg

Зоните се состојат од најсовремена фитнес-опрема, 5 професионални фитнес-справи што ќе им бидат бесплатно достапни за користење на сите граѓани 24 часа.

„Со продолжување на овој проект ја потврдуваме долгогодишната заложба на нашата компанија за промоција на спортот и рекреацијата, но и поддршката што ја даваме за добробит на заедницата. Минатата година се обврзавме дека активните зони ќе станат традиција и ќе ги има ширум земјата, а продолжувањето на проектот е доказ за тоа. Пивара Скопје и компанијата Coca-Cola како општествено одговорни компании преку разни проекти и донации постојано вложуваат во заедницата. Ми претставува задоволство што со оваа донација и граѓаните од сите генерации на општина Штип добиваат место за рекреација во текот на целиот ден и верувам дека добро ќе се грижат за зоната и ќе ја користат секојдневно“, изјави директорот за односи со јавност и комуникации на Пивара Скопје, Ламбро Патче.

pivara-skopje-i-kompanijata-coca-cola-otvorija-aktivna-zona-vo-stip-02.jpg

„Се радувам што Пивара Скопје и компанијата Coca-Cola излегоа во пресрет на барањето на граѓаните на Општина Штип за донација на ’Coca-Cola Активна зона‘, упатено до нив уште минатата година кога започна проектот, и го остварија ветеното. Се надевам дека ’Coca-Cola Активната зона‘ ќе стане најпосетено место во градот, каде што Штипјани ќе имаат можност за рекреација, дружење и забава“, изјави м-р Илчо Захариев, градоначалник на Општина Штип.

pivara-skopje-i-kompanijata-coca-cola-otvorija-aktivna-zona-vo-stip-03.jpg

Проектот „Coca-Cola Активни зони“ е дел од глобалната платформа за промоција на активниот живот на Пивара Скопје во соработка со компанијата Coca-Cola. Како дел од истата платформа, Пивара Скопје во изминативе години заедно со компанијата Coca-Cola реализираше низа успешни проекти. Меѓу нив позначајни се Coca-Cola фудбалскиот куп, 5-те бесплатни паркиралишта за велосипеди во Скопје, како и 5-те Coca-Cola Активни зони од првиот циклус во 2016 година.

pivara-skopje-i-kompanijata-coca-cola-otvorija-aktivna-zona-vo-stip-04.jpg

pivara-skopje-i-kompanijata-coca-cola-otvorija-aktivna-zona-vo-stip-05.jpg

Би можело да ве интересира:

Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Елена Трпчевска од Скопје: „Бев на одмор во Грција со две мали деца без баба - како поминав, со или ... „И да, не беше лесно. Имаше хаос, логистика до бесвест, плачење, умор… милион си...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...

Најчитани неделава