Вип продолжува да ги наградува корисниците на услугата електронска сметка

Скопје, 26 јули 2017г. - Вип ја продолжува наградната игра „Еко активација" со која ја поттикнува еколошката свест во јавноста и го најавува второто извлекување на 15 август 2017г., со кое сите корисници кои се откажуваат од хартиените сметки и ја активираат услугата електронска сметка ја добиваат можноста да станат добитници на вредни награди.

vip-prodolzuva-da-gi-nagraduva-korisnicite-na-uslugata-elektronska-smetka-001.jpg

Останува можноста за учество на сите постојни и нови корисници кои имаат активна електронска сметка или извршиле online уплата на било која фактура преку веб страницата на Вип или мобилната апликација “Плати сметка” на www.vip.mk и преку мобилната апликација “Мојот Vip” до 10 август односно 5 дена пред наградното извлекување.

Во првото извлекување што се одржа на 15 мај оваа година 7 среќни корисници се здобија со вредни награди и тоа: iPhone SE 64GB, Sony Experia Z5, Samsung Galaxy S6 edge plus, Samsung Galaxy Alpha, лаптоп, таблет и велосипед.

Добитниците на наградите, најдоцна во рок од три дена од извлекувањето јавно се објавуваат на официјалната фејсбук страница на Вип и на www.vip.mk.

По августовското извлекување, следуваат уште две, закажани за 15 ноември 2017г. и 15 февруари следната година.

Со овој проект Вип уште еднаш ја докажува својата посветеност кон заштитата на животната средина и насоченост за зголемување на свесноста на заедницата поврзани со оваа област истовремено работејќи на постојано зголемување на корисничкото задоволство.

На сите корисници кои покажуваат висока свест за животната средина и кои ќе земат учество во оваа наградна игра Вип им посакува многу среќа!

Би можело да ве интересира:

Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Македонска свадба на плажа во Грција – се игра оро, ечи „Ти донесов млада невеста“ (видео) Србин воодушевено од терасата на својата хотелска соба на 13-ти септември сними ...
Јелена Спенџарска го посети родното село на баба ѝ: „Куќата кај што се родила уште се ‘држи’ некако“ „Замислете оваа жена до мене тука создавала пријателства, плачела, учела, си игр...
Кирил Ангелов, жртва на педофил од Велес, ќе пешачи 111km за кревање на свеста за сексуалното злоста... „Организирам пешачење за подигнување на свеста за сексуално злоставување на деца...
„Цело време лежиш! Каква мајка си?!“ - Ведран (2), детето со маслинките, со ново хит видео Со сериозен израз на лицето, малиот Ведран од Скопје ја прашува мајка си: „...
Јован Јованов за музичките почетоци: „Со Магија одевме на часови по танцување, Врчак го запознав на ... „Отсекогаш сум сакал да имам група, не да настапувам сам. Сите мои другари праве...

Најчитани неделава