Постои ли најдобра сезона за фестивали и концерти?

postoi-li-najdobra-sezona-za-festivali-i-koncerti-01.JPG

Веројатно за поголем дел од вас зборот фестивал е синоним за лето. Меѓутоа кога има добра публика годишното време не е важно. Сезоната на добра музика нема почетен или завршен датум. Според Џијан Емин, Eвропа заедно со Македонија е совршено тло за добра музика и забава во секоја сезона, па дури и во зима.

Зимските фестивали можеби и не се толку познати, меѓутоа поголемиот дел од нив зад себе носат долга традиција подржана од големи светски артисти и продуценти. Салите во кои се одржуваат зимските фестивали се со историја, која поминала низ музиката на најдобрите. Според Џијан Емин, предност на зимските фестивали и концерти е акустиката на салите во кои се одржуваат.

Способноста на одредена просторија да го пренесе звукот и вибрацијата низ секое живо суштество кое во моментот се наоѓа во таа просторија е неверојатно.

Според него речиси ниту еден отворен простор неможе да се спореди со звукот на музиката и со јачината на нотата во Концертната сала во Луцерн, Швајцарија, во Берлинската, Париска или Виенска филхармонија.

Потпирајќи се на личното искуство и присетувајќи се на некои од своите настапи на фестивалот “Ode Gand„ во црквата Света Ана во Гент, концертната сала, Акрополис во Ница, но и настапот во Ма­ке­дон­ска­та фил­хар­мо­ни­ја, Џијан вели дека дефинитвно настап на затворено во него носи најмногу емоции.

Дека Џијан не се плаши да експериментира и да се впушти во непознатото докажува и неговата способност да ги освои срцата на сите кои ќе ја слушнат негoвата музика, а и секако успехот кој секојдневно го реди.

Големиот број уба­ви про­фе­си­о­нал­ни ан­гаж­ма­ни се нешто за кое Џијан гордо зборува и се сеќава, а неговата среќа може да се почувствува од секој изговорен збор.

Можноста да се работи со најдобрите светски музичари и оркестри како и можноста да се биде дел од најголемиот огномет кој влезе во Гинисовата книга на рекорди е чувство еднакво на мешање на сетила кога ќе се види звукот, ќе се вкуси бојата и ќе се слушне вкусот.

Џијан на сите млади и стари им советува да не забораваат дека секоја сезона е добра за добра музика, во зима таа го подгрева телото, во лето ве прави уште пожешки.

Тој вели дека границите се поставени за да се поместат, бариерите се поставени за да се срушат, а вие сте тука за да имате храброст да прифатите ризик и да се впуштите кон непознатото.

Пркосете им на постудените денови и играјте го својот танц во најжешката Neuland зона, каде што ќе бидете свои и подготвени за нов адреналин.

postoi-li-najdobra-sezona-za-festivali-i-koncerti-02.JPG

postoi-li-najdobra-sezona-za-festivali-i-koncerti-04.jpg

Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Позитива на денот: Снеже Велков, во совршен аутфит, со ТикТок танц со Цаки од „Кисми“ на негова песн... „Легендарниот, единствен, неповторлив, Цаки Кисми! Благодарам за овој танц! Жума...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...
Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
Антониа Гиговска објави фотки од емотивни моменти со синот од периодот кога го криеше неговиот лик „Љубов моја, поминаа 2 најубави годинки со тебе. Сакам да знаеш дека си мојата н...

Најчитани неделава