Станбено осигурување Доми Комплет за 1 денар дневно за првата година и подарок од Еуролинк

Скопје, 4 септември 2017 г. – Обележувајќи го својот 15-годишен јубилеј, Еуролинк осигурување ги наградува своите клиенти на Доми Комплет со вреден подарок. Имено, клиентите кои ќе го осигураат својот дом и ќе склучат тригодишен договор за лојалност за Доми Комплет на Еуролинк, покрај  привилегираната цена од 365 денари годишно за првата година на станбеното осигурување, добиваат и вреден подарок. Оваа понуда се однесува на сите нови клиенти, но и на постоечките кои ќе го одберат Доми Комплет во промотивниот период до 30 септември оваа година.

stanbeno-osiguruvanje-domi-komplet-za-1-denar-dnevno-za-prvata-godina-i-podarok-od-eurolink-001.jpg

Со најпродаваниот производ на оваа осигурителна компанија, клиентите добиваат осигурување на домот и покуќнината, осигурување на сите членови на домаќинството, и тоа од широк опсег на ризици како пожар, удар на гром, експлозија, провална кражба, излевање вода од инсталации, гром, луња и град, експлозија и многу други, а со оваа осигурителна полиса се покриваат и трошоците за нужно сместување.

Дополнително, овој продукт бесплатно нуди уникатни покритија кои се единствени на македонскиот осигурителен пазар, како осигурување од земјотрес, кршење од стакло, трошоци за нови документи и клучеви, незгода за целото семејство, домашни миленици и патничко осигурување.

Со склучување договор за лојалност на три години со Еуролинк, Доми комплетот во првата година на осигурување чини 365 денари или 1 денар на ден, а втора и третата година на осигурување чинат по 2.400 денари годишно или 200 денари месечно, за стан или куќа до 150 метри квадратни.

А сите нови клиенти и оние кои ќе ги обноват своите Доми Комплет полиси по наведените услови до 30 септември оваа година добиваат и подарок - вредносна петрол-картичка од 500 денари.

Повеќе информации клиентите може да добијат на www.eurolink.com.mk или на телефонскиот број 02/15 888 или на eлектронската адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Би можело да ве интересира:

Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Соња Тарчуловска со сопругот Јохан на балет, Горан Папаз позира со 4-те деца: Што прават нашите ѕвез... Сопругата на Андреј од ДНК за него емотивно напиша: „Тоа што тој го правеше не б...
„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...
Дарко Влогс: „Првата сопруга ме тепаше, изневеруваше, се дрогираше и мене животот ми беше уништен“ Се запознале на брод, каде што Дарко работел, а таа била гостинка, потоа се допи...
Денес се празнува Св. Антониј, светецот кој штити од лудило и ѓаволот Денес, 30 јануари во православието се слави Св. Антониј Велики, светецот за кој ...

Најчитани неделава