Шпаркасе Банка во Штип, отсега на нова локација!

6.9.2017 г. (Скопје) – Со свечен настан во текот на вчерашниот ден Шпаркасе Банка Македонија го прослави почетокот на работењето на својата експозитура на нова локација во Штип, на ул. „Јосиф Ковачев“ бр. 15.

sparkase-banka-vo-stip-otsega-na-nova-lokacija-001.jpg

На настанот, на кој воедно се одбележи и 15-годишен јубилеј од постоењето на експозитурата во Штип, присуствуваа многубројни клиенти, соработници и гости на Банката од градот и од регионот. Новата експозитура која е лоцирана во новоизграден објект, располага со модерен ентериер според најсовремени стандарди воспоставени на ниво на Шпаркасе и Ерсте Групацијата.

„Шпаркасе Банка Македонија ги следи промените во трендовите и новите навики кај потрошувачите и со нивните очекувања ја приспособува и понудата на банкарските производи и услуги. Се надеваме дека експозитурата во Штип во новите деловни простории ќе ги задоволи очекувањата на клиентите и ќе им овозможи пријатна атмосфера при користење на највисоките стандарди во поглед на простор, функционалност, отворена комуникација и ефикасно опслужување. Од неодамна во сите експозитури на Шпаркасе банка се овозможи слободен Wi-Fi пристап за сите клиенти и посетители на Банката“ – изјави г. Васко Мукаетов, регионален директор на Регионална дирекција - Исток.

Во склоп на сеопфатна палета производи и услуги што ексклузивно ја вклучува и лизинг понудата, како специјален дел од настанот беше презентацијата на ексклузивните модели на Jaguar Land Rover, како и практичните модели на Citroёn, кои беа изложени пред експозитурата благодарение на „Аутомобили гроуп“ и „Автонова“. Тие одблиску се запознаа со моќта и престижот на Jaguar Land Rover, како и со урбаните ѕвезди на францускиот автогигант. Вечерта кулминираше со уште едно визуелно изненадување за гостите на настанот, огномет како спектакуларно финале на овој одличен настан.

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Шпаркасе и Ерсте Групацијата, која се состои од 47 штедни банки и која бележи речиси 2 века постоење на финансискиот пазар во Р. Австрија. Воедно таа е една од најсилните банкарски групации во Европа, која со својата долгорочна стратешка ориентација кон регионот на Западен Балкан придонесува и Шпаркасе Банка Македонија да претставува доверлив партнер за своите клиенти. Зaедно со другите банки-ќерки во Австрија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија и во Црна Гора, таа е дел од најсеопфатните банкарски мрежи во регионот - Штаермеркише Шпаркасе Групацијата, која со својата билансна сума од 14 милијарди евра, 6.400 вработени и 500 експозитури и регионални центри опслужува околу 2,5 милиони клиенти во овие земји од регионот на Југоисточна Европа.

Би можело да ве интересира:

Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Заловен волк во скопската населба Козле – некој го чувал како миленик, сега е згрижен во ЗОО Скопје Според објава на ЗОО Скопје и Тина Мицковска, синоќа во скопската населба Козле ...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...

Најчитани неделава