Новата серија „Фамилијата Марковски“, која е инспирирана од вистинити приказни, од 23 септември на „Канал 5“

novata-serija-familijata-markovski-koja-e-inspirirana-od-vistiniti-prikazni-od-23-septemvri-na-kanal-5-01.JPG

Новата серија „Фамилијата Марковски“ чие дејствие е инспирирано од вистинити настани од секојдневието на македонските граѓани, од 23 септември (сабота) во 19.30 часот ќе почне да се прикажува на телевизијата „Канал 5“. Првата сезона има осум епизоди во кои се претставени приказните на Иван, Лиле, Јана, Виктор и Бојан Марковски кои се соочуваат со многу предизвици што ги носи животот во едно општество со константни политички и социјални турбуленции.

Серијата ќе се емитува секоја сабота и недела од 19.30 часот, a по премиерното телевизиско прикажување, епизодите ќе бидат достапни да се гледаат и онлајн.

Режисер е Даријан Пејовски, а главните улоги ги толкуваат: Петар Петковски, Тамара Ристоска, Владимир Петровиќ, Александар Микиќ и Силвија Стојановска. Проектот „Фамилијата Марковски“ е во продукција на АРТ ПРОЕКТ ЛАБ Скопје и е овозможен со поддршка од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

- Целта беше да се креира серија која ќе кореспондира со реалноста која ја живеат македонските граѓани. Во секоја епизода се прикажани различни проблеми со кои се соочуваат главните протагонисти, а кои воедно се и проблеми со кои се соочува самата држава. Станува збор за фамилијарна драма и иако се зборува за конкретна фамилија- Марковски, во приказните или во одредени сегменти од нив ќе се препознаат голем број на гледачи – истакнуваат од продукцијата.

Александар Микиќ го игра ликот на таткото и сопруг Иван Марковски чии планови и амбиции се распаѓаат во времето на приватизацијата поради што прифаќа разни ангажмани и привремени работи играјќи на картата на политичка неутралност.

Силвија Стојановска ја толкува сопругата и мајка Лиле која е голем поборник за правда, но нејзината издржливост е ставена на тест откако е присилена да учествува во сомнителни активности на своето работно место.

Младата актерка Тамара Ристоска се појавува во улогата на најстарото дете во фамилијата Марковски, Јана која се соочува со морална дилема - дали да застане зад сомнителните проекти на  архитектонското студио во кое работи, а го води нејзиното момче, или да го зачува сопствениот интегритет.

Владимир Петровиќ го игра Виктор Марковски кој и покрај магистерската диплома се мачи да најде работа, а паралелно крие и голема тајна од своите најблиски. Ликот на најмалото дете, Бојан Марковски го толкува младиот Петар Петковски на кого ова му е прво актерско искуство. Тој игра 15-годишно момче чија пасија е снимање на видео – блогови (влогови) што од забава стануваат негова моќна алатка за иницирање на промени. 

Во серијата играат и Сабина Ајрула, Сашко Коцев, Горан Трифуновски, Драган Спасов – Дац, Нино Леви, Зоран Љутков, Ивица Димитријевиќ,Сара Климовска, Јовица Михајловски, Предраг Павловски и многу други. Во „Фамилијата Марковски“ голем дел од улогите ги толкуваат млади основци и средношколци кои првпат се појавуваат во телевизиски проект.  

novata-serija-familijata-markovski-koja-e-inspirirana-od-vistiniti-prikazni-od-23-septemvri-na-kanal-5-02.JPG

novata-serija-familijata-markovski-koja-e-inspirirana-od-vistiniti-prikazni-od-23-septemvri-na-kanal-5-03.jpg

novata-serija-familijata-markovski-koja-e-inspirirana-od-vistiniti-prikazni-od-23-septemvri-na-kanal-5-04.jpg

novata-serija-familijata-markovski-koja-e-inspirirana-od-vistiniti-prikazni-od-23-septemvri-na-kanal-5-05.jpg

novata-serija-familijata-markovski-koja-e-inspirirana-od-vistiniti-prikazni-od-23-septemvri-na-kanal-5-06.jpg

Би можело да ве интересира:

Иван Јованов, по врската со Антониа Гиговска, очекува дете со новата девојка - направи забава за отк... Иван Јованов, вокалистот од „Либеро Бенд“ ја изненади јавноста со веста дека има...
Иван Јованов направи мекици во кафеана за ќерката Ниа: Лепи пари на музичарите, пее со пријателите Со музика во живо и многу гости во скопски ресторан, Иван Јованов направи мекици...
Александра Јанева за романтичното запросување во Париз: „Иван 7 месеци бирал прстен, ги загубив сите... „Седнавме спроти Ајфеловата кула со вино во рацете, а мене од немарност ми падна...
Иван Јованов стана татко - со саканата ѝ дадоа уникатно име на ќерката Пејачот Иван Јованов вчера (26.03) стана татко, а неговата сопруга Ивана на свет...
Иван Јованов е горд на својот брат, кој отвори адвокатска канцеларија (фото) И додека Иван Јованов е вљубеник во музиката и е уметничка душа, неговиот брат Д...
Миро Кацаров ја направи првата од двете свадби: „Ивана носеше фустан како Северина, од црква отидовм... „Со Ивана се венчавме во една од најубавите цркви во Скопје, Св. Јован Крстител ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg