Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Пивара Скопје и компанијата Coca-Cola донираа Активна зона и во Радовиш

Вчера, на 21.09.2017 официјално беше пуштена во употреба „Coca-Cola Активната зона“ и во Радовиш, дел од големиот проект на Coca-Cola компанијата и Пивара Скопје.

pivara-skopje-i-kompanijata-coca-cola-doniraa-aktivna-zona-i-vo-radovish-01.jpg

Активната зона во Радовиш всушност е претпоследната од вкупно 10 предвидени за 2016 и 2017 година кои Пивара Скопје и компанијата Coca-Cola ги подаруваат на повеќе општини низ Македонија како дел од нивната глобална платформа чија цел е промоција на активниот начин на живот и вложување во заедницата воопшто.

„Секојдневно ни пристигнуваат барања за отворање на активни зони од повеќе градови низ Републиката, што се само уште еден показател за успешноста на овој проект. Благодарение на ‘Coca-Cola Активните зони’ голем број граѓани кои имаа желба, сега имаат и можност бесплатно да се рекреираат и да го поттикнуваат својот спортски дух. Оваа активна зона што ја отвораме денес во Општина Радовиш дополнително ја потврдува нашата цел да им овозможиме на што поголем број граѓани да имаат свое место за спорт и рекреација. Ние како компании секако дека ќе излеземе во пресрет и на останатите општини и веќе од следната година ќе продолжиме со донирање на активните зони, сѐ додека не ја покриеме целата земја. Токму затоа, остануваме посветени на нашата мисија, а тоа е вистински да ја поттикнеме спортската култура и дополнително ги мотивираме граѓаните на активен и динамичен начин на живот“, рече Ламбро Патче, директор за односи со јавност и комуникации на Пивара Скопје.

pivara-skopje-i-kompanijata-coca-cola-doniraa-aktivna-zona-i-vo-radovish-04.jpg

Инаку досега, Пивара Скопје и компанијата Coca-Cola донираа вакви спортски зони во општините Гази Баба во Скопје, Охрид, Струмица, Прилеп, Тетово, Куманово, Штип и Гостивар, а по отворањето на зоната во Радовиш, останува уште една предвидена за 2017 година, со што се заокружува втората година од долгорочниот проект наречен „Coca-Cola Активни зони“.

„Сакам да изразам голема благодарност до Пивара Скопје и компанијата Coca-Cola што донираа Coca-Cola Активна зона и овозможија и нашата општина да биде дел од овој убав и голем проект, со што искрено покажаа дека и жителите на помалите градови заслужуваат да добијат место каде ќе можат бесплатно да спортуваат и се рекреираат. Истовремено, би сакал да упатам апел до моите сограѓани дека оваа спортска зона која го краси нашиот град е сега нивна, па треба совесно и одговорно да се однесуваат кон неа, како кон своја“, изјави г. Сашко Николов, градоначалник на Општина Радовиш.

pivara-skopje-i-kompanijata-coca-cola-doniraa-aktivna-zona-i-vo-radovish-02.jpg

„Coca-Cola Активната зона“ во Радовиш е поставена на „Кеј 8-ми септември“, локација која е достапна за сите жители на овој град, а како и останатите, и оваа Активна зона е опремена од 6 најсовремени фитнес справи кои се за слободна употреба на сите граѓани 24 часа.

Инаку, како дел од оваа платформа покрај 10-те „Coca-Cola Активни зони“, беше реализиран и Coca-Cola фудбалскиот куп, а беа донирани и повеќе бесплатни паркиралишта за велосипеди, со цел поттикнување на велосипедската култура.

pivara-skopje-i-kompanijata-coca-cola-doniraa-aktivna-zona-i-vo-radovish-05.jpg

pivara-skopje-i-kompanijata-coca-cola-doniraa-aktivna-zona-i-vo-radovish-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Мајка од Скопје: „Снимив видео како син ми гали маче, ме нападнаа дека го малтретира - зошто толку о... „Мика на видеово е бебе од 14 месеци, со недоволно развиена моторика на рацете и...
Бојан од Скопје со македонско знаме на грб пешачи 3.000km во Нов Зеланд: „Преспивам во шатори, помин... „Мојот план е да ја поминам цела, потребни се околу 100 дена за тоа. Има секакви...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Снежна идила во Градски парк во Скопје (фото) По Нова година и Божиќ без врнежи, утрово Скопје конечно се разбуди под снежна п...
Кристина Димитри го остави дечкото чиј идентитет го криеше: „Со песна ќе ја затвориме оваа голема љу... „Бидејќи ве информирав за мојата љубов, сега добивам милион пораки за истата. Вр...
Елена Ристеска цел месец немала име, Агнеса прво била Снежана: Како требало да се викаат познатите М... Елена Ристеска за CRNOBELO.com откри дека, освен што цел месец била без име, неј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg