Божиновски часовници и накит ја претстави колекцијата Calvin Klein watches & jewelry - Ода на американската класика

Синоќа пред македонската публика во фоајето во МОБ „Божиновски часовници и накит“ ја претстави колекцијата на брендот Calvin Klein. Во оваа колекција на часовници и накит преовладува минималистичкиот стил на брендот кој веќе ја има изградено препознатливоста во овој правец.

bozinovski-casovnici-i-nakit-ja-pretstavi-kolekcijata-calvin-klein-watches-jewelry-oda-na-amerikanskata-klasika-01.jpg

На Македонскиот пазар овој бренд е присутен подолго време и веќе има изградено силни врски и лојалност од страна на клиентите, најмногу поради идеалната синергија на сензуалноста и природноста кои се неговата главна одлика.

„Очекувам оваа колекција на часовници и накит на Calvin Klein уште посилно да ја зацврсти лојалноста кон брендот на нашиот пазар бидејќи кога се работи за минималистичкиот стил и испишувањето на една најмала линија во однос на дизајнот може да резултира со голема впечатливост. Колекцијата ја задржува својата рафинираност и ненаметливост во континуитет, како бренд постојано следејќи ги моменталните модни трендови“, изјави Игор Божиновски сопственик и генерален менаџер на компанијата „Божиновски часовници и накит“.

bozinovski-casovnici-i-nakit-ja-pretstavi-kolekcijata-calvin-klein-watches-jewelry-oda-na-amerikanskata-klasika-02.jpg

Божиновски истакна дека поголеми позитивни промени и вистинско освежување на овој бренд очекува во колекциите од 2018та година, кога во истите директно ќе биде видлив печатот на новиот креативен директор на групацијата Calvin Klein, познатиот дизајнер Рав Симонс, кој најави револуционерни промени во модната групација. 

bozinovski-casovnici-i-nakit-ja-pretstavi-kolekcijata-calvin-klein-watches-jewelry-oda-na-amerikanskata-klasika-04.jpg

Актуелната колекција на Calvin Klein Watches & Jewelry е украсена со новото лого кое го воведе Раф Симонс во Февруари годинава, но најголем дел од колекциите за 2017та година кога тој го превзема кормилото на компанијата веќе беа во финална фаза. На меѓународниот саем за часовници Baselworld 2017 година, за време на претставувањето на рекламната кампања на часовниците и накитот од овој бренд, Раф Симонс изјави дека како компанија не сакаат да ангажираат ѕвезди за рекламите, туку дека тие преку своите реклами ги создаваат ѕвездите.

bozinovski-casovnici-i-nakit-ja-pretstavi-kolekcijata-calvin-klein-watches-jewelry-oda-na-amerikanskata-klasika-03.jpg

Креативниот патерн на Раф Симонс, како што тој истакнува, е во користењето на спомените и визиите за иднината и нивното имплементирање во денешницата, создавајќи нераскинлив спој помеѓу емотивното и сензуалното,совршено претопени во минимализмот како главна одлика на брендот.

Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...
Ана Марија (22) му кажа ДА на саканиот на брегот на Охридското Езеро: „Кога клекна, се здрвив, ме со... „Кога се свртев, зад мене беа моите сестри, сестрата и зетот на Даниел, старосва...
Моника живее во Дубаи: „Весна Петрушевска за мене е како втора мајка, Мина ми е повеќе од сестра, а ... „Почнав како административец во финансиски оддел, а денес сум менаџер во областа...
Кристина Арнаудова револтирана откако обезбеди летување за 26 деца: „Аплаузи се резервирани за оние ... „Мојот живот веќе 11 години е воглавно ова. Борба за секоја една донација. И за ...
Дарио од Битола ја запроси Мишела на -28°С на Пелистер: „Организирал сè од Германија - ме воодушеви“ „Бев шокирана кога ми рече дека ме сака и сака да го помине остатокот од животот...
Горан Папаз ја возвишува сопругата за годишнината, откако му роди 3 деца: „Ти си повеќе од тоа што с... „Не знам на каков начин да ти покажам колку те сакам, освен дека те сакам повеќе...

Најчитани неделава