КД Фондови со нова депозитарна банка - Шпаркасе Банка

27.10.2017г., Скопје. Шпаркасе Банка Македонија почнувајќи од 20.10.2017г. ги презеде активностите на депозитарна банка на инвестициските фондови со кои управува КД Фондови АД Скопје. По добиеното одобрение од Комисијата за хартии од вредност на Р. Македонија, Шпаркасе Банка Македонија стана депозитарната банка на инвестициските фондови КД БРИК, КД НОВА ЕУ, КД ТОП БРЕНДОВИ и КД КЕШ ДЕПОЗИТ.

kd-fondovi-so-nova-depozitarna-banka-sparkase-banka-1.jpg

Банката во изминатите години посветено ја развиваше понудата на финансиски и нефинансиски производи и услуги и создаде широко портфолио на т.н. „финансиски супермаркет“, каде што граѓаните и компаниите на едно место можат да ги добијат потребните услуги од банкарското работење, лизингот, осигурувањето, а отсега и за инвестициските фондови.

„КД Фондови е дел од меѓународната финансиска групација KD Group, која поседува 25-годишна традиција во управувањето со средства, преку една милијарда евра пазарна актива и 29 инвестициски фонда под управување. Во Македонија сме присутни од 2008-ма година и нудиме дисперзирано портфолио од фондови, чии инвестициски политики се креирани за да одговорат на потребите на различен профил на вложувачи – од традиционалните штедачи, па сѐ до софистицираните институционални инвеститори.  

Соработката со Шпаркасе банка како институција трае речиси десет години. Со одлуката да им ја доделиме одговорноста за чување на средствата на фондовите со кои управуваме, ја искажуваме нашата верба и посветеност за понатамошен развој на партнерскиот однос. Користејќи ја деловната мрежа, стручниот тим и репутацијата на реномираниот партнер, очекувањата ни се да се доближиме до граѓаните и фирмите, овозможувајќи им  поголема информираност за нашите продукти, како и за бенефитите од вложувањето во фондови – изјави м-р Лазе Камчев, главен извршен директор на КД Фондови АД Скопје.

kd-fondovi-so-nova-depozitarna-banka-sparkase-banka-2.jpg

„Со КД Фондови АД Скопје соработуваме повеќе години, на локално и групациско ниво. Имајќи ги во предвид развојните трендови кај нив и кај нас, оваа година го подигнуваме нивото на соработка и во делот на услугата депозитарна банка за нивните отворени инвестициски фондови. Во овој дел, можеме да кажеме дека и во идниот период ќе продолжиме со проширување на соработката во други сегменти кои се од важност и за двете финансиски институции. Само да потсетиме, со основањето на новата Дирекција за услуги со хартии од вредност, Шпаркасе Банка во изминатиот период ги имплементираше сите услуги со хартии од вредност кои се предвидени со домашната регулатива. Со ова на нашите клиенти им овозможивме користење на сите услуги во делот на хартиите од вредност и финансиските пазри на едно место.“ – изјави директорот на секторот за управување со средства, г. Петар Трпески.  

Шпаркасе Банка посветено работи на создавање нови, иновативни современи банкарски производи за своите корисници, како потврда на својот имиџ за модерна банка и традицијата за стабилност и доверливост, веќе потврдена во регионот. Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Шпаркасе и Ерсте Групацијата, која се состои од 47 штедни банки и која бележи речиси 2 века постоење на финансискиот пазар во Р. Австрија. Воедно таа е една од најсилните банкарски групации во Европа, која со својата долгорочна стратешка ориентација кон регионот на Западен Балкан придонесува и Шпаркасе Банка Македонија да претставува доверлив партнер за своите клиенти. Зaедно со другите банки-ќерки во Австрија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија и во Црна Гора, таа е дел од најсеопфатните банкарски мрежи во регионот - Штаермеркише Шпаркасе Групацијата, која со својата билансна сума од 14 милијарди евра, 6.400 вработени и 500 експозитури и регионални центри опслужува околу 2,5 милиони клиенти во овие земји од регионот на Југоисточна Европа.

Би можело да ве интересира:

Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Браво! Сара секои 4 години ја донира својата коса за заболените од рак и ги поттикнува и другите „Дали знаеш дека за изработка на само ЕДНА перика потребно е 10 до 15 жени да до...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Љубовта не знае за години: Кои познати дами од Македонија биле или се постари од своите партнери? Каролина Гочева, Калиопи, Сузана Турунџиева... На македонската јавна сцена ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg