AllWeb и оваа година со поволности за студентите - Обезбеди место на најдобрата конференција за дигитален маркетинг

Ограничен број на влезници по поволна цена се достапни за студентите, заинтересирани за учество на AllWeb, конференцијата за дигитален маркетинг што ќе се одржи на 17 ноември во Драмски театар, во Скопје. По специјална цена студентите добиваат можност, како и минатите години, да ги слушнат презентациите за новите трендови во дигиталниот маркетинг и бизнис иновации, донесени од страна на врвни експерти во областа. Овој тип на влезници се достапни за купување исклучиво онлајн, на allweb.mk.

allweb-i-ovaa-godina-so-povolnosti-za-studentite-obezbedi-mesto-na-najdobrata-konferencija-za-digitalen-marketing-001.png

„Една од целите на AllWeb е да го подигне нивото на знаење за новите трендови во дигиталниот маркетинг кај засегнатите страни. Препознавајќи ги студентите како клучен сегмент од овој екосистем, секоја година им овозможуваме специјални услови за да бидат дел од конференцијата. Веруваме дека така ќе им помогнеме да го збогатат своето практичното знаење, но и да си го прошират портфолиото на професионални контакти, со тоа што им овозможуваме да се дружат со претставници од  компаниите, претприемчи, агенции за маркетинг и односи со јавноста и други практичари од оваа сфера“, вели Славица Биљарска, ко- организатор на конференцијата.

За годинешното, шесто по ред издание на AllWeb најавени се петнаесетина говорници, реномирани експерти од сферата на дигиталниот маркетинг кои своите успешни приказни и научени лекции ќе ги споделат со повеќе од 270 присутни. Главни теми на конференцијата се е-трговија (omnychannel, payment processors, analytics), перформанс маркетинг (PPC, conversions, optimization) и содржина (social media, influencer marketing, monetization).

Форматот останува ист како и претходните години: комбинација  на презентации и панел дискусии, одлични говорници и содржина, и супер можност за професионално дружење.

Повеќе информации за содржината на конференцијата, говорниците и за билетите, се достапни на allweb.mk.

Би можело да ве интересира:

Жена на 58 години забремени со тројка во болница во Македонија – Таа била 5 години во менопауза „Годините не ја запреа желбата за мајчинство. Тројна бременост со ин витро кај п...
Вело Марковски е 35 години постар од сопругата - Наши и регионални парови со голема разлика во годин... Лазар Ристовски по разводот повторно најде љубов и тоа со актерка која е скоро 4...
Штипската четворка наполни 2 години, мајката Благица емотивна: „Со вашите 4 срца животот има најубав... „Вие сте нашето чудо, нашиот благослов од Бога. Вашиот невин поглед, неисцр...
Македонка прослави 23 години брак: „Бракот не е бајка. Тој е борба, аутизам, соочување со најтешки ж... ​„Низ годините, животот нè стави пред искушенија што би скршиле многумина. Соочу...
Тони Зен доби ќерка, Ивона Јо го загуби таткото - По што ќе ја памтат познатите Македонци 2025? „Мислам дека ќе биде тешко за било кој од нас годинава да ја запамти по нешто др...
„2 најлуди и најубави годинки“ – Синот на Антониа и Џокер полни две години, свири на клавир додека м... „Среќата наша денес полни 2 – најлуди и најубави годинки, те сакаат мама и тато“...

Најчитани неделава