Имате 500 денари за подарок? Не знаете на што би ги потрошиле?

Парите и не се баш најдобар подарок, многумина велат дека на таквата идеја ѝ недостига „идентитет“ и дека пари подаруваат оние кои не сакаат премногу да се трудат околу вас, па велат „сами да си купите она што најмногу ви треба“

imate-500-denari-za-podatok-ne-znaete-na-sto-bi-gi-potrosile-1.jpg

Ramstore маркетите со својата иницијатива по повод дванаесеттиот роденден нудат листа на предлози и решенија како да го купите најдобриот подарок за вашиот близок пријател, другарка, мајка, колешка за помалку од 500 денари, да ги израдувате и да им посветите внимание, но и да не го надминувате планираниот буџет повеќе од неопходното.

Семеен готвач - за оние кои имаат предизвици при готвењето или можеби сакаат да експериментираат со намирниците, подарете им го овој подарок и можеби веќе следниот викенд очекувајте покана за ручек или за вечера

Плишана играчка - овој подарок можете да го поклоните на сите девојчиња што сакаат плишани играчки. Изненадете нечие детенце со овој супер сладок и мек лик од цртаните или мало животинче.

Плетена корпа - плетените корпи се добредојдени во секое домаќинство. На своите драги пријатели можете да им испечете слатки колачи или бисквити, да ги ставите во корпата и така да го заокружите овој роденденски подарок

Шоља за кафе или чај - Идеален подарок за оние кои своето кафе постојано го држат на работната маса. Шоља со уникатен дизајн ќе му го разубави утринското кафе на славеникот

Свеќи - совршен подарок за сите романтични души на кои ќе им ја разубавите вечерата или дружењето со најблиските

Купка - со овој подарок ќе ја замотате вашата сакана личност во мириси што ќе ја потсетуваат на вас за време на туширањето

Книга - на сите кои сакаат убави четива ќе им го разубавите и ќе им го исполните денот со корисна содржина, но внимавајте - бидете оригинални во пишувањето на посветата

Идеите за подароци можат да одат во недоглед. Но ова е добар почеток. Ramstore маркетите секогаш се трудат да им го олеснат пазарувањето на своите потрошувачи, да им понудат решенија и услуги што ќе им го зголемат квалитетот на живот и ќе им ги унапредат секојдневните практики за паметно управување со буџетот, за што помали грижи, а поголемо уживање за себе и за своите најблиски.

imate-500-denari-za-podatok-ne-znaete-na-sto-bi-gi-potrosile-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Лежалка 300 денари, нескафе 220 денари: Какви се цените во Охрид ова лето 2025? Мала лименка пиво на плажа ќе платите 190 денари, а кафе американо 220 денари......
Каролина пие кафе од навика, Васил Гарванлиев се буди со дупло еспресо во 5 - Кафе-ритуали на познат... „Најубавото макијато дефинитивно го пијам во ателјето во Тетово, направено од ко...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
„Броиме чекори и калории, зависни сме од нотификации за попусти“ - Македонка алармира во какви кафез... „Колку чекори направи денес? Дали си го закажа следниот термин за нокти точ...
Млади деца од Струмица ја свират и пеат „Громови на душа“: „ДНК ја пееја за Тоше, а сега ние за сите... „Денес тие громови навистина одекнуваат од тагата. И како да не беше доволна ова...
Коста Петров за паничните напади: „Во болница во Дубаи ми дадоа 2 валиума да ме смират, умирав некол... „Отидов на работа, се напив од кафето, отидов надвор да запалам цигара со кафето...

Најчитани неделава