Музика за сите сетила

Музиката е алатка за поттикнување емоции и мемории, па затоа и е опишана како јазик на емоции. Не е ни чудно што најжешките подиуми за играње и најдобрите забави се полни со адреналин, среќа и возбуда. Колку пати ви се случило кога одите на забава да препознаете добра емоција дури и кај луѓето кои не ги познавате? Тоа е музика, тоа се измешани сетила, тоа е адреналин. Најдобрите забави се најдобар показател за лудилото кое музиката го носи со себе, разбранета публика, која е дојдена само за да ги вклучи сите свои сетила. Возбудата е иста, и од страна на музичарот и од страна на публиката, сите тие копнеат по исти емоции и цели, по иста возбуда и рушење на бариерите.

muzika-za-site-setila-1.jpg

Истражувањата покажуваат дека мозокот на музичарите е со поразлична структура од мозокот на обичен човек. Не е ни чудо што нивната емоционална интелигенција е на повисоко ниво, нивната емотивност е поистакната, а љубовта поголема.  Ако сакаме доказ за тоа како музиката влијае на мозокот, најлогично е да земеме пример од луѓе на кои музиката им е живот и професија, на пример Џијан Емин.

„Музиката влијае и на останатите сетила и зависно од вашето расположение, лесно може да го почувствувате вкусот на музиката. Таа може да биде вкусна како добро подготвено утринско кафе, шарен коктел, но и со вкус на расипано млеко. Па така е и со допирот, зависно од емоциите кои музиката ни ги разбудила, нашиот допир е груб или нежен“, изјави Џијан Емин.

muzika-za-site-setila-2.jpg

„Сите вљубеници на добрата музика на 25ти ноември  можат да бидат дел од најдобрата забава во Мала Станица и да ја почувствуваат силната емоција на среќа која музиката лесно може да ја предизвика, да уживаат во мозаикот од звук, слика и вкус, да бидат дел од непознатото“, додава Емин.

Би можело да ве интересира:

Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Миа Костова на одмор на Кипар: „Не знаев дека се вози од лева страна, првиот ден од страв мижев“ „Слетавме на Кипар, ни ја носат колата од рентакарот и Тијана вика 'Воланот е од...
Ивона Јо на настап ѝ пее на мајка си и се топи од емоција: „Како стареам сѐ повеќе потсетувам на неа... „Горда сум што одгледав толку благородно, чувствително и светло човечко суштеств...
Позитива на денот! Македонка ги наслика Андреј, Тоше и Панчо: „Тие не се дел од минатото - тие се ве... „Оваа слика е мој начин да ви се поклонам. Не со зборови, туку со молитва во бој...
Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Маја Панчева (52) како да не старее - Прекрасна без шминка, на летување со ќерките во Грција Марија и Надица многу личат на својата мајка, а Маја, пак, делува како за неа, г...

Најчитани неделава