Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Happy Monday - Наградна игра на Шпаркасе банка

Шпаркасе Банка Македонија од денес ја започна Happy Monday, новата наградна игра за корисниците на дебитнитe и на кредитните картички Mastercard, со богат фонд на парични награди. Во периодот од 6 ноември до 31 декември клиентите на Шпаркасе Банка имаат можност да освојат дневни награди по 5.000,00 МКД, неделни награди по 50.000,00 МКД и главна награда во износ од 500.000 МКД за најсреќниот добитник.

happy-monday-nagradna-igra-na-sparkasse-banka-01.jpg

Корисниците на картичките од брендот Mastercard издадени од Шпаркасе Банка учествуваат во наградната игра со секоја поединечна трансакција во износ над 300,00 МКД, направена на продажните места или преку e-commerce. Со секоја трансакција корисниците добиваат по една шанса за учество во наградната игра, што значи колку повеќе трансакции толку повеќе шанси за добивка.

Во извлекувањата ќе бидат доделени вкупно 56 дневни награди во износ од 5.000,00 денари во кои учествуваат сите трансакции направени конкретниот ден на кој се однесува извлекувањето, 8 неделни награди во износ од 50.000,00 денари во кои учествуваат сите трансакции направени во календарската недела на која се однесува извлекувањето и 1

добитник на главната награда во износ од 500.000,00 денари, коj ќе се извлече од сите трансакции направени во текот на наградниот период.

Право на учество во наградната игра имаат сите полнолетни физички лица – државјани на Република Македонија,  корисници на дебитните или на кредитните картички од брендот Mastercard издадени од Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје.

Главното извлекување на наградите ќе се одржи на 9.1.2018 год., со почеток во 12:00 ч., во просториите на Дирекцијата на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, во присуство на комисија составена од нотар и од двајца официјални претставници од Банката. Добитниците на наградите ќе бидат извлечени автоматски, по принципот на случаен избор со помош на специјален софтвер изработен за таа намена.

За повеќе информации околу наградната игра Happy Monday, посетете ја официјалната веб-страница www.sparkasse.mk или најблиската експозитура на Шпаркасе Банка Македонија.

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Шпаркасе и Ерсте Групацијата, која се состои од 47 штедни банки и која бележи речиси 2 века постоење на финансискиот пазар во Р. Австрија. Воедно таа е една од најсилните банкарски групации во Европа, која со својата долгорочна стратешка ориентација кон регионот на Западен Балкан придонесува и Шпаркасе Банка Македонија да претставува доверлив партнер за своите клиенти.

Зaедно со другите банки-ќерки во Австрија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија и во Црна Гора, таа е дел од најсеопфатните банкарски мрежи во регионот - Штаермеркише Шпаркасе Групацијата, која со својата билансна сума од 14 милијарди евра, 6.400 вработени и 500 експозитури и регионални центри опслужува околу 2,5 милиони клиенти во овие земји од регионот на Југоисточна Европа.

Би можело да ве интересира:

Македонија е на 47-то место на листата за најдобра национална кујна во светот - Кои се нашите топ 10... Кои се задолжителните работи кои мора да ги пробате од македонската кујна? Како ...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Американец не може да ѝ одолее на нашата храна - јаде гравче тавче, наздравува со ракија во Скопје (... Американецот Џастис, кој го обожава Балканот, со ново вирално видео - во скопска...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Зои Блаж за бременоста во Германија: „Срцева реакција слушате дури во 20-тата недела - што е поинаку... „Прва контрола направивме во 7-та недела од бременоста, а доста е чудно е што им...
Вирален статус на Македонец: „Ех, ѕвони за одмор и купуваш симит за 20 денари и чокобисквит за 10“ „Замисли си дека е 98-ма, уште малку и ќе ѕвони за голем одмор. Што би си купил ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg