Еден на Еден: Министерот Никола Димитров на гости кај Жаре (видео)

После одличната емисија со американскиот амбасадор Џес Бејли, на гости во студиото на „Еден на Еден“, доаѓа и Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров.

eden-na-eden-ministerot-nikola-dimitrov-na-gosti-kaj-zare-2.jpg

За првпат ќе имате прилика министерот Димитров да го видите во едно поинакво светло, каде зборува за својот приватен живот, за студентските денови, за анегдотите од средбите и патувањата и уште многу други интересни содржини кои ќе го задржат вашето внимание.

Димитров на Жаре му откри и многу интересен детал од времето кога беше советник на Претседателот Борис Трајковски. Во една прилика во 2001 година покојниот Трајковски на висок претставник од Европската Унија му го покажал патот до вратата, а тој морал да го моли да се врати назад. За кого се работи, ќе дознаете во недела во 18:50 на „Канал 5“.

eden-na-eden-ministerot-nikola-dimitrov-na-gosti-kaj-zare-1.jpg

Ве очекува уште едно одлично издание на најгледаното ток-шоу во Македонија.

Погледнете ја најавата:

Би можело да ве интересира:

Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам... „Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете...
„Малку работи се поубави од празно Скопје, мекици за појадок кај баба, смокви набрани од дедо“ - Maк... „Има еден носталгичен момент кога одиш кај баба ти и дедо ти во лето на гости. С...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Денес се празнува Св. Никола Чудотворец – кои обичаи треба да ги следат тие што имаат куќна слава? Денес се слави најчестата слава во македонските домови, Св. Никола - храната тре...
Никола Станишиќ, победникот на Гранд: „Девојката ми раскина на финалето - ме блокирала, на нејзините... „Раскинавме поради причини како коментарите на нејзините дека јас сум Ром, јас с...
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...

Најчитани неделава