Како Ред Бул стана дел од историјата на валутите?

Од најстaри времиња, луѓето осмислувале начини за стокова размена и вреднување на нештата, што било претходница на парите.

kako-red-bull-stana-del-od-istorijata-na-valutite-01.jpg

Познати се легендите за островските народи од Пацификот и Атлантикот, кои за таа цел користеле морски школки. Што поегзотично, тоа повредно, а тоа подоцна се однесувало и на златото, среброто и останатите благородни метали од кои се обликувани парите.

Првите ковани пари кои се  слични на денешните се појавиле пред 2.700 години во државата Лидија на Блискиот Исток, додека хартиените пари се појавиле во 10 век во Кина, но познати се многу локални примери кои биле типични за одредено поднебје. Норвежаните како пари го користеле путерот, додека Астеките таква функција им дале на зрната кафе, Римјаните плаќале со сол, додека во Парагвај ист пример има со полжави. Но, дваесет и првиот век донесе нешто слично, а во склад со времето – лименките со Ред Бул станаа валута!

kako-red-bull-stana-del-od-istorijata-na-valutite-02.jpg

Се разбира, станува збор за авантурата Red Bull Can You make it, каде што првиот македонски тим учествуваше во 2016 година. За изданието во 2018 година предвидено е од пет појдовни точки во Европа да се стигне до Амстердам, а ако успееш да добиеш гласови за своето презентациско видео, можеби токму ти ќе тргнеш на пат со само 24 лименки од омилениот енергетски пијалок.

Тебе ти преостанува да го искористиш шармот, снаодливоста и фантазијата, па лименките да ги размениш за сместување, транспорт и за други авантури на пат до престолнината на Холандија. Тоа предвидува и четири станици на минување, каде ќе добиеш нов контигент лименки ако ги исполниш поставените мисии.

Сега се поставува прашањето колку може една лименка да вреди и што се можеш да купиш со неа? Тука ќе наброиме само неколку примери кои сигурно ти делуваат нестварно!

kako-red-bull-stana-del-od-istorijata-na-valutite-03.jpg

Една австриска екипа минатата година даде три лименки за да оси на четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите на Баерн Минхен.

Тројка од Шпанија, пак, потроши 12 лименки за тетовирање во Венеција.

Друштвото од Филипините направи егзотичен излет на Алпите во Швајцарија, каде што прв пат со своите раце допреа снег.

Учесниците од Норвешка отидоа најдалеку, за 24 лименки организираа лет со приватен авион.

Само во изданието од 2016 година учесниците разменија преку 16 илјади лименки Ред Бул, при што македонскиот тим „Борово“ исто така имаше незаборавни искуства со оваа валута.

kako-red-bull-stana-del-od-istorijata-na-valutite-04.jpg

Можеш ли ти да ги надминеш овие подвизи? Тогаш не чекај, туку најди две лица на кои ќе им веруваш и здружете се во најлудата авантура. Сите информации за натпреварувањето можеш да ги најдеш на следниот линк.

kako-red-bull-stana-del-od-istorijata-na-valutite-05.jpg

kako-red-bull-stana-del-od-istorijata-na-valutite-06.jpg

Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Вирална објава на Македонка: „Кога доаѓаш да живееш во зграда, дали доаѓаш од пештера или нива, треб... „Во зграда не го лупаш лифтот, не пушиш во лифт, не реновираш дома секој ден пос...
Миа Костова за токсичната врска на 14 години: „Изгубив глава по мафијаш од Центар, имало и по некој ... „Имаше една страшна случка во Градиште, кога се појави, ми препречи пат и м...

Најчитани неделава